Working Hours – Едноставна контрола и преглед на работното време!

Сподели

Working Hours – Сега само со еден клик, без инсталација на специјални уреди, без картички, без дополнителна компјутерска опрема.

Мобилна апликација достапна за Android и iOS уреди за идентификација на влез и излез на контролна точка или евидентирање на активност на далечна локација или работа од дома.

Едноставна веб апликација која овозможува администрација на системот, вработени, влезно излезни точки и преглед на активности.

Како функционира?

Влезно – излезните порти се означени со баркод слика преку која вработените се евидентираат при влез за почеток на работно време или при излез за крај на работно време. Сите активности за излез во работно време се евидентираат како пауза, службен или приватен излез. Администрацијата и подесувањето на системот се врши преку веб апликација и единствено ви е потребна интернет конекција.

Контрола на повеќе точки?

Системот обезбедува дефинирање на повеќе влезно-излезни точки, а идеален е и за компании кои имаат потреба за евиденција на работното време на своите вработени на повеќе далечни локации (подружници, градежни објекти, привремени канцеларии и сл.). За вработени кои работат од дома и/или се во постојано движење, системот овозможува евиденција на настан (почеток/крај, пауза) преку активност дозволена во мобилната апликација за овие вработени.

Работа во смени?

Системот овозможува дефинирање на работно време со смени за почеток и крај на работа. Напредниот алгоритам на вештачка интелигенција предвидува и регистрира очекувани активности во период на пристигнување или заминување од работа, како и заминување без да се евидентира активност преку баркод слика.

Прегледи и извештаи?

Веб апликацијата овозможува генерирање на повеќе типови на извештаи, кои на одговорните лица ќе им обезбедат увид за почеток и крај на вработените, сумарни прегледи со вкупен број на часови, доцнење, прекувремени часови, пауза, службен или приватен излез. Прегледите може да се генерираат за тековен ден, недела, месец или за дефиниран период. Извештаите се генерираат за вработен, вработени во едно одделение или за цела компанија. Печатената форма е согласно дефинираните форми за приказ од законот за работни односи. Извештаите можат да се извезуваат во електронски формат (ексел).

За кого е наменет?

  • Мали, средни и големи компании кои имаат потреба од контрола и евиденција на работното време за своите вработени, на една или повеќе локации.
  • Без инсталација и инвестиција во специјална опрема, уреди и картички.
  • Идеален за евиденција на работа од дома или работа во движење.
Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис
Побарајте презентација!
Добијте најповолна понуда