Профил
Веќе трета деценија ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.
Целосно сме фокусирани на тоа преку успешни проекти и корпоративни решенија да сме незаменлив дел во бизнис секторот, но и столб и поддршка на работењето на институциите. Истовремено преку бројни еколошки и филантропски акции посветени сме и на издигнување на глобалната свесност за општествна одговорност.

Визија
Визијата на Дуна е да стане препознатлива компанија, која ќе обезбеди најнови технолошки достигнувања на сите свои корисници, ќе изгради со нив стабилно партнерство и ќе постигне највисоки стандарди за општествено делување.
Мисија
Дуна ќе изгради средина за развој на информатичката технологија, ќе понуди иновативни производи и решенија и ќе ги предизвика сите вработени кон неприкосновен квалитет и вредности за своите корисници. Нашите постапки ќе обезбедат освојување на интернационалниот пазар и постојано зголемување на профитот, а во насока на континуиран раст на компанијата.
Социјална Одговорност
Визијата на Дуна е да стане препознатлива компанија, која ќе обезбеди најнови технолошки достигнувања на сите свои корисници, ќе изгради со нив стабилно партнерство и ќе постигне највисоки стандарди за општествено делување.

Дуна силно верува во општествено корисни акции, кои се поддржани не само од компанијата, туку и од нејзините вработени. Во таа насока, поддржуваме организации и проектите кои ги развиваат. Присутни сме во јавни установи за грижа на деца, спортски активности и заштита и одржување на животната околина. Особено сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење. Бидејќи смеата ни е омилен звук продолжуваме со нашите филантропски акции:
- Спонзор на фондацијата Златна рипка во проектот – Исполни желба
- Покровител на Стопанска комора на Македонија
- Спонзор на Лизгачка федерација на Македонија на настанот – детско првенство во лизгањe
- Спонзор на на Скопскиот маратон во организација на Сојуз на спортови на Скопје
- Спонзор на прославата 4ти јули на Американска амбасада во РМ
- Спонзор на Skopje street festival
- Спонзор на Охридски маратон во организација на Пливачка федерација на Македонија
- Спонзор на Охридски маратон во организација на Пливачка федерација на Македонија
- Спонзор на на Скопскиот маратон во организација на Сојуз на спортови на Скопје
- Спонзор на 16-то Балканско сениорско карате првенство во организација на Карате федерација на Македонија
- Спонзор на Охридски маратон во организација на Пливачка федерација на Македонија
- Спонзорство на ИБИ – Свежа идеја
- Соработка со ФИНКИ за развој на софтверски апликации
- Спонзор на „Банкекспо 2013“ во организација на Стопанската комора на Македонија
- Проект за ресоцијализација на децата од Воспитно-поправниот дом „Тетово“ спроведен од Дуна
- Спонзор на Скопскиот маратон
- Технички покровител на настанот 90 години Стопанска комора на Македонија
- Донација на опрема во училиште за деца со социјални потреби
- Донација на домот за деца “11 Октомври”
- Донација на компјутери и компјутерска опрема на Образовниот и рехабилитациски центар за деца со проблеми со слухот “Кочо Рацин” – Битола
- Донатор – Кум на Отворете ги прозорците
- Учество во садење на дрва на Пелистер
- Проект за идентификација (обележување) и DNA мапирање на белоглавиот мршојадец
- Донација на фамилија на ноеви на Скопската Зоолошка градина
- Донација на идентификациски микрочипови за кучиња
- Интернационален натпревар во одбојка за основни училишта
- Пливачка федерација на Македонија
- Квалификации за Европско првенство во одбојка
- Првенство во кошарка во Македонија
- Првенство во сноуборд во Македонија
- Реставрација на ановите во манастирот Св. Јован Бигорски
- Донација на икони во црквата Св. Димитрија во Бањишта – Дебар
- Акција за собирање и рециклирање на е-отпад
- Отворање на Apple Regional Training Centar и одржување на бесплатни обуки за студенти
- Спонзорство на Скијачка федерација на Македонија за Европски куп во сноуборд
- Акција за собирање и рециклирање на е-отпад
- Спонзорство на Одбојкарска федерација на Македонија
- Спонзорство на конференција TEDxSkopje
- Спонзорство на SEAT Open 2010 тениски турнир со донаторски карактер
- Поставување на табли за планинарска патека Скопје – Водно – Матка
- Спонзорство на Стопанска комора на Македонија во 2010 год.
СИСТЕМ НА КВАЛИТЕТ
За да бидеме сигурни дека нашите корисници ќе го добијат најдоброто решение, го вложуваме сето наше знаење, искуство и труд во изработка на Системот за квалитет.
Од 2001 година, Дуна постојано вложува во подобрување на Системот за квалитет и вклучува нови стандарди во своето работење со редовна ресертификација.
Дуна е сертифицирана со следните ISO стандарди:
- ISO 9001:2015
- ISO 14001:2015
- ISO 27001:2011
- ISO 20000-1:2013
Eкологија
Дуна е прва македонска IT компанија која е сертифицирана со ISO 14001 стандарди и која активно работи на полето на заштита и зачувување на околината.
Дуна нуди советување за своите корисници:
- оптимизирани решенија во бизнисите кои ќе овозможат одржливост и намалување на негативното влијание на животната околина
- намалување на емисијата на CO2, потрошувачката на енергија и електронскиот отпад
- рециклирање на користени уреди и потрошни материјали
Нашите производи задоволуваат RoHS стандарди, погодни се за рециклирање, имаат голема енергетска ефикасност, односно штедат енергија.
Награди
- Награда 95 години Стопанска комора
- RVP најдобар настан во регионот
- Награда за најдобри практики за развој на вработените од страна на Центарот за неформално образование Триаголник
- Јубилејно признание за континуирано спроведување на општествено одговорни практики во период од 2007 – 2011 година од Координативното тело за општествена одговорност и Министерството за економија
- Superbrand за Македонија за 2011/12
- Сертификат за компанија со добро корпоративно работење од Транспарентност Нулта Корупција
- Награда за корпоративна општествена одговорност
- Награда за заштита на околината 2004/05 од NRG
- Сертификат за компанија со добро корпоративно делување од USAID и Министерство за економија
- Награда за филантропски активности од USAID и CIRA
- Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2009 година во категорија животна средина
- Награден проект ENTER од ICT-WEB-PROMS и WINS-ICT, финансирани од Европската комисија