Враќање на работа, во канцеларија или од дома

решенија за состаноци
Сподели

Искористете го месецот на попусти во Poly и обезбедете врвни решенија за состаноци од вашата канцеларија, дома или во движење. 

Poly со своето многу годишно искуство го преточи целокупното свое знаење и врвна технологија во продукти кои на корисниците им обезбедуваат сигурност во реализација на своите состаноци, професионална презентација преку испорака на кристално јасен звук и врвна слика.

За работа од канцеларија

Опремете ја вашата канцеларија или соба за состаноци со еден од моделите на Poly Studio серијата, Х30, Х50 или Х70. Кристално јасен звук и напреден алгоритам на микрофони кој ги елиминира сите непожелни надворешни звуци, го контролира и поништува ехото и испорачува јасен говор кон сите учесници. 

Камерата со 4К резолуција и вграден алгоритам за следење на активен говорник ќе ве престави високо професионално и  во најдобро издание пред своите соговорници. Испораката на квалитетен звук и слика ќе ја зголеми вашата самодоверба и презентација и ќе ви обезбеди целосна контрола на состаноците.

Елегантни со беспрекорен дизајн и квалитет, можете да изберете помеѓу Х30 за мали и средни простории, Х50 за средни и големи или Х70 за големи сали и простори.   

решенија за состаноци дома или канцеларија

За работа од дома

Претставете ја вашата дневна или работна соба како да работите во пријатна канцеларија со совршена слика и звук. Ви пречи детскиот џагор од соседството или возилата на улица? Нема проблем, користете ја Poly P5 веб камерата или P15 видео звучната лента поврзани со вашиот компјутер или лап-топ, кои ќе ги елиминираат надворешните звуци и ќе се фокусираат на вашиот говор и лик за да ве презентираат високо квалитетно и јасно кон своите соговорници. 

Стандардот за испорака на 4К високо квалитетна слика како и кристално јасен звук пречистен од ехо или бучава, го прави работењето од дома претставително, одговорно и високо професионално. 

Можете да ја изберете P5  веб камерата кој е мала и компактна, одлична и за патување или P15 видео лентата со вградена камера, микофон и звучник, или да го изберете прекрасниот P21 монитор со беспрекорен дизјан, квалитетна слика, вградена камера и амбиентално светло за целосно уживање во вашиот дом или канцеларија.

Работа во движење

Постојано сте во движење но во исто време имате и потреба да сте во постојан контакт со вашите клиенти или колеги? Нема проблем, ставете им крај на своите маки да ве слушнат чисто и разберат што зборувате а во исто време бидете јасен и прецизен во својот говор.

Реализирајте ги вашите состаноци во движење со помош на Bluetooth слушалката со микрофон VOYAGER 5200 или преносниот Bluetooth звучник Poly Sync 20 или 40 поврзани со вашиот паметен телефон. 

Во возило со VOYAGER 5200 или на клупа со Poly Sync преносниот Bluetooth звучник ќе бидете јасно слушнат од сите учесници на состанокот а во исто време ќе ги слушате кристално и ќе престанете да го користите зборот “ве молам повторете“. Преносниот Bluetooth звучник на Poly од серијата Sync со своите модели 20, 40 или 60 можете да го користите и како преносна батерија за полнење на вашиот паметен телефон или за слушање на квалитетна музика кога сте на отворен простр, дома или на вашето патување. 

За повеќе информации и актуелни попусти, побарајте понуда.

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис