duna mk
Интуитивен софтвер за лесен попис на артикли или основни средства. Без разлика дали имате продавници и магацини, на една или повеќе локации, или сакате да направите попис на основни средства на локации, Ultima Inventory ќе ви овозможи брз и лесен попис.
Едностана алатка за брза реализација на попис Не постои поедноставен начин за реализирање на попис во вашата компанија, продавница, магацин. Креиравме веб-апликација за која не е потребно инсталација и можете да и пристапите во секое време и од секоја локација. Олеснете си ја работата користејќи го софтверот за креирање и управување со попис преку веб-пребарувач на вашиот компјутер.
Внесувајте податоци преку вашиот Андроид телефон. За да биде уште поедноставно ја овозможивме функцијата за скенирање на баркодови, преку камерата на вашиот телефон. Веќе немате потреба од набавка на дополнителни специјални скенери или рачни компјутери.
Нема потреба од стратегиски одлуки, овозможете си го софтверот сега – кога ви е најмногу потребен. Без непотребни трошоци и дигитален инвентар, плаќајте само во месеците кога се реализира пописот.