KONKA – Интерактивни дисплеи за врвни презентации, менаџерски состаноци, едукација или забава

Сподели

ДУНА како официјален дистрибутер и застапник за реномиранот производител Konka Group Co., Ltd. Ви нуди повеќе модели на интерактивни табли кои ќе ги олеснат Вашите состаноци, работа со документи и презентации поединечно или споделено во група.

KONKA е професионален производител на комерцијални дисплеи кои ги развива, произведува и обезбедува подршка за Интерактивни екрани на допир, ЛЕД дисплеи, ЛЦД видео Ѕид, дигитални ознаки за повеќе апликации во затворени и надворешни простори низ целиот свет, вклучувајќи центар за контрола и команда, рекламен дисплеј, медиуми и забава, настани, стадион и сл.

Интерактивен екран чувствителен на допир

Достапен во повеќе димензии од 65“, 75, 86“ и 95“ дијагонала на екран, поставени на ѕид или на мобилен држач подесив по висина, овозможуваат решение за голем број на корисници кои имаат потреба од презентација на материјали, колаборација со повеќе учесници и споделување на материјали, поврзување преку мобилен телефон, лаптоп или десктоп компјутер.

Корпоративна околина

Направете високо професионална презентација пред вашиот менаџерски тим или колеги. Едноставен и лесен, обезбедува безжично поврзување и презентација во HD резолуција. Интеракција со учесници, можност за подвлекување, маркирање или испишување на презентиран материјал, споделување на финалниот документ. Со кристално јасната слика и одличниот звук, може да се користи и за далечински состаноци, презентации кон клиенти и соработници.

Едукација, образование, спорт

Идеален за образовни центри, училишта и факултети. Со својата едностваност за поврзување и колаборација максимално се олеснува процесот на учење и интеракција со сите учесници. Достапните алатки за цртање, математички формули, геометриски форми, мапи и работа со слики, максимално го олеснуваат управувањето од страна на професорите и наставниот кадар. Со приказ на спортскиот терен како позадина, на тренерите и обучувачите им се олеснува презентацијата и пренос на инфромација до спортистите и учениците.

Конференции и настани

Големата димензија од 75”, 86“ и 95“ како и јасната слика со висок контраст и осветлување, овозможуваат одличен преглед при организација на настани во затворен или отворен простор. На модераторите и водителите им ја олеснува презентерската функција со управување директно на екранот чувствителен на допир.

Побарај понуда

Цени од 119.250,00 МКД!

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис
Побарајте презентација!
Добијте најповолна понуда