VECTOR – повеќе од софтвер за продажба на мало и големо

Сподели

VECTOR е новата софтверска платформа на Дуна, која се надгради на успешниот софтвер за малопродажба Spinaker.

Благодарение на нашите клиенти од кои научивме најмногу, тимот за развој на ДУНА го креираше и создаде VECTOR, современа софтверска алатка наменета за малопродажба, големопродажба, за продажно место со една фискална каса или повеќе каси, една продавница или повеќе продажни места.

Модели на софтверски лиценци

VECTOR софтверското решение има два модели на софтверски лиценци и тоа:

  • SPINAKER
  • VECTOR

SPINAKER

Софтверска лиценца наменета за малопродажни места кои имаат една фискална каса и без оглед на тоа што е наменет за најмалите продажни места, сепак изобилува со можности и функционалности кои целосно ги задоволуваат сите потреби за следење и управување со процеси во малопродажба.

Работи со сите модели на фискални каси во Македонија, едноставно се инсталира и поврзува. Покрај основните функционалности за креирање на фискална сметка или сторно сметка, обезбедува и креирање на про-фактура, фактура, ПЛТ, попис како и нарачка кон добавувач.

Покрај задолжителните фискални прегледи дневен финансиски извештај, контролен и периодичен извештај, како и прегледи ЕТ, ЕТУ, КДФ. VECTOR POS на корисникот му обезбедува и извештаи за продажба по касиер или смена. Овозможува креирање на рецептура или норматив за сложени артикли и продукти како и внесување на тежинска вредност за артикли кои се мерат на вага.

Лесниот интерфејс кој овозможува внес на податок преку баркод скенер, користењето на кратенки на тастатурата ќе ви овозможи брзо и едноставно креирање на фискална сметка.

Овозможено е работа со повеќе отворени фискални сметки во исто време, евиденција на начин на плаќање – кеш или со картичка како и автоматска пресметка за враќање кусур.

VECTOR

Посериозниот и поголем брат на SPINAKER кој обезбедува напредни функционалности во продажба на мало и големо. Наменет за сите големини на продажни места, централно поставен за управување со повеќе објекти и магацини или како дел од еден малопродажен објект.

Вградените алгоритми и механизими му овозможуваат целосна контрола на прием на роба од добавувачи преку пре-дефинирани услови за договорена влезна цена, очекуван прием, разлика од нарачано/исопрачано.

SPINAKER Android е мобилна апликација која ќе го олесни приемот на роба, проверката и креирање на влезен докумен преку мобилен уред.

Предефинираните шеми за книжење автоматски ќе ги обработат сите документи по завршување на работниот ден и системот преку автоматска меил порака ќе го информира одговорното лице за вкупната продажба и сите останати информации потребни за успешно започнување на нов ден.

VECTOR обезедува напредни финансиски и материлни извештаи на повеќе нивоа на приказ, за едно или повеќе малопродажни места, магацин или продажби преку електронска веб продавница

Ја зголемува ефикасноста на процесите почнувајќи од системот за нарачки, проверка на залихи, поврат кон добавувачи, нивелација на цени. Работи со сите типови на фискални каси и обезбедува печатење на цени за полици со баркод слика од артикл.

Заклучок

Корисниците на SPINAKER и VECTOR софтверските пакети го олеснија своето работење во малопродажба и големопродажба.

За своите вработени во малопродажните објекти обезбедија алатка која им овозможува да испорачаат насмевка со фискалната сметка а на менаџерите можност за поголем фокус на продажба и подобар квалитет на услугата.

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис
Побарајте презентација!
Добијте најповолна понуда