Едноставна контрола и управување со пописи!
Поедноставете го и олеснете го вашето работење со софтверскиот пакет ULTIMA Inventory кој ќе ви овозможи брза и едноставна идентификација и броење на основните средства или материјалните добра по локација или вработен. Без потреба од поврзување со постоечки софтвер, размена на податоци преку excel документ.
ULTIMA Inventory е софтверска апликација од ДУНА која е достапна на Google Play за Android базирани телефони.
Аплкација која на корисниците им овозможува креирање и реализирање на брз и прецизен материјален попис на артикли во магацин или продавница. Втората функционалност освен материјален попис, допстапна за корисниците е и попис на основни средства.
Администрацијата на ULTIMA Inventory се врши преку веб апликација која овозможува дефинирање на референти/корисници на мобилната апликација, локации, закажување на попис или преглед на реализирани пописи. Внесот на податоци за артикли (за материјален попис) или податоците за основни средства (за попис на основни средсттва) може да се направи на два начини.
Доколку корисникот има ULTIMA или VECTOR софтверски ЕРП пакет за материјално/финансиско работење, тогаш поврзувањето и трансфер на податоци како и документ за реализиран попис се врши автоматски .
Доколку корисникот има свој систем, размената податоци се врши преку ексел (excel) документ со точно дефинирани колони на податоци (Шифра, Назив, Баркод, Сериски број и др.)
Ultima Inventory апликација
Апликацијата се превзема од Google Play, инсталација на стандарден Android паметен телефон.
По најава, доколку има закажан попис за најавениот референт истиот ќе биде достапен за реализација.
Корисникот го започнува пописот со избор на локација, а потоа скенирање на баркод етикети на Основни Средства.
За секое основно средство предефиниран статус е “во функција„ Доколку ос. средство не е во функција или е оштетено (за поправка/дијагностика), може да се избере некој од статусите кои се дефинирани претходно преку веб апликацијата а доколку е потребно референтот може да направи и фотографија од основното средство (оштетено или од друга причина).
Баркодот се скенира со камерата од паметниот телефон, а доколку е оштетена баркод етикетата може да се внесе шифра преку тастатура и да се пребара. Корисникот може да направи преглед на попишани и непопишани средства по локација во секое време.
При реализација на попис сите податоци се запишуваат во Cloud и во случај на губење на апарат или снемување на батерија, при повторна најава корисникот продолжува од местото каде застанал при последно користење.
ЗОШТО ULTIMA INVENTORY?
ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА И ИМАЈТЕ ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НА РАБОТЕЊЕТО!