Хибридни настани  –  Што треба да знаете?

хибридни настани
Сподели

Додека 2020 година беше година на далечни настани и индустријата за настани беше под огромен притисок, благодарение на технологијата тие беа трансформирани во онлајн настани. Во 2021 година се воведе нов тренд – хибридни настани или состаноци. Хибридните настани станаа  „новото нормално“, одлична опција да се продолжи  со организирање конференции, деловни состаноци, концерти, изложби, фестивали, манифестации за доделување награди и многу повеќе.

Хибридни настани се вид на настани кој ги комбинираат физичките и дигиталните учесници, за да се обединат двете публики, се имплементира нова поставка каде што дел од публиката може лично да учествува на настанот, а другите присутни може да се приклучат на настанот виртуелно.

 Хибриден настан како и обично е со дел од присутните физички учесници, а другиот дел гледа и учествува од далечина. Основниот принцип на овие хибридни настани е и дигиталните и физичките учесници да имаат идентични искуства во однос на квалитетот, интеракцијата, гледањето и учеството на настанот со подеднакво високи искуства.

Кои се најпопуларните хибридни настани?

Хибридни состаноци

Хибридни состаноци, можат да бидат од каков било вид на состаноци од мал или голем обем. Алатките на хибридните настани освен физичко и звучно присуство, овозможуваат споделување на своите екрани, да презентираат документи и слајдови.

Хибридни конференции

Хибридните конференции значително се зголемија во текот на изминатите неколку години. Технологијата на денешната хибридна конференција нуди големи можности со импресивни детали. Лед екрани, камери, стриминг, можност за слушање на симултан превод.

Вообичаено е презентерите или главните говорници да бидат физички присутни на местото на настанот заедно со дел присутни учесници. И секако дигиталните учесници кои не се ограничени само на гледање пренос во живо на настанот. Тие имаат можност за интеракција и размена на идеи секако како и присутните учесници.

Семинари и работилници

Хибридните Семинарите и работилниците обично се мали настани за професионален развој на одредена тема. И семинарите и работилниците имаат тенденција да немаат повеќе од неколку говорници и мал број учесници.

Секако со Хибридниот начин на организирање на ваков тип на настан ќе можете да допрете до пошироката публика и да го зголемите бројот на присутни.

Опрема која би можеле да ја користите за Хибриден настан

  • Опрема за снимање ( камери, камермани),
  • Осветлување,
  • Опрема за стримање ( пренос на настанот на одредена платформа како ZOOM, FB, YouTube..),
  • Озвучување,
  • Микрофони,
  • Симултан превод доколку настанот е на повеќе јазици,
  • Техничка поддршка за времетраење на настанот

Придобивки од хибридни настани

Кај хибридните настани нема ограничување на бројот на виртуелни присутни учесници далечината или друго не се причина да не се следи или учествува на еден настан. Нема потреба да се потпирате само на физичкото присуство на присутните.

Можете да допрете до повеќе луѓе и да заработите повеќе од спонзори без да инвестирате повеќе.

Дополнително, можете да ги намалите трошоците за настани со физичко присуство, бидејќи нема да треба лично да го угостите секој учесник.

Хибридни настани или како што ги нарекуваат позелени настани се ориентирани и кон животната средина, затоа што предизвикуваат минимална деградација.

Со поголемо учество од повеќе земји ќе може да добиете податоци за учесниците, тие ќе се најавуваат онлајн, можете да пристапите до податоци за тоа кои теми привлекуваат најмногу посетители, можете да идентификувате нови пазари кои би можеле да бидат заинтересирани за вашата содржина.

Сега откако знаете се за хибридни настани, тимот од експерти на Дуна Евентс е тука да им помогне на организаторите на настани.

Дозволете ни да добиете една нова перспектива за пристап до целиот процес на организирање на хибридни настани.

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис