duna mk
Предраг Тасиќ, сопственик на La Noi сподели за нивното искуство со VEKTOR и како користењето на VEKTOR го има олеснето секојдневното работење.
„La Noi ја започнавме како наша лична семејна приказна. Важно ни беше La Noi на клиентите да им биде асоцијација за пријатно, весело место и да ја чувствуваат позитивната енергија во која многу вложуваме.
Следејќи ги светските трендови и динамичниот животен стил, креиравме бренд кој нуди квалитетна палета производи како и економична и функционална услуга. Нашата компанија секогаш цели кон усовршување во работењето, ефикасност на процесите почнувајќи од системот за нарачки, проверка на залихи, поврат кон добавувачи, нивелација на цени како и точни финансиски извештаи.
Моја менаџерска обврска е постојано да го унапредувам системот на работење во компанијата. Затоа, решив да ја инсталираме софтверска апликација VEKTOR и на тој начин, ги покривме сите аспекти на материјалното и финансиското работење на големо и мало.
Сега, нарачките се примаат преку апликација на мобилен телефон, а преку едноставниот интерфејс се овозможува непрекинато работење со фискална сметка, проверка на артикли, скенирање бар кодови и печатење сметка со едно копче. Со апликацијата VEKTOR олеснета е и работата на нашите касиери затоа што овозможува печатење на цените за полиците и нивна автоматска нивелација при промена на нова цена, продажба со попуст и слично.
VEKTOR секоја вечер во точно дефинирано време документите автоматски ги книжи со што се намалува можноста за грешка. Дополнително, добивам менаџерски електронски извештаи за тековниот ден генериран и испратен од VEKTOR што е особено значајно за секој менаџер на компанија.