Апликација за мобилно В2В и В2С работење во Еуро Табак

Duna.mk

duna mk

Сподели

Миграција од UDM Windows mobile на UDM CRM Android –апликација за мобилно В2В и В2С работење во Еуро Табак

Еуро Табак во изминатите години за својата комерцијална сила ја користеше мобилната апликација ULTIMA Distribution Mobile базирана за Windows Mobile 6.5 и истата повеќе од 6 години се користи на Zebra MC67 рачни компјутери.

Веќе подолг период се соочуваме со проблеми околу техника подршка за скапите резервни делови за рачните компјутери како и подршка на апликативно ниво (Microsoft во јуни 2019 ја заврши својата подршка за Window Mobile платформата). Кај нас, а и во светот се помалку може да се најдат Windows базирани рачни компјутери.

Што можете да направите кога користите технологија која е во заминување и ви треба брза промена и адаптација?

Еуро Табак се одлучи за набавка на нови Android базирани рачни уреди и затоа имаа барање за нова Android базирана мобилна апликација за комерцијалната сила на терен.

Новата апликација Ultima Distribution Mobile CRM обезбедува дополнителни функционалности и можности кои на корисникот кој работи на терен му овозможуваат целосна контрола и упаравување со комерцијални процеси при посета кај клиент. Апликацијата обезбедува:

  • Store check за проверка на допстпност на артикли во продажеен објект според договорени услови
  • Идентификација на задолжителни артикли кои не се изложени (out of stock)
  • Идентификација на артикли кои се на акција
  • Контрола на кредитен лимит при креирање на нов документ
  • Преглед на претходни продажби за избран клиент
  • Креирање на голем број на документи – фактура, испратница, готовинска сметка, нарачка, повратница, прашалник и др.
  • Запис на гео-локација при креиран документ
  • Преглед на документи, топ продажби, остварување на таргет и др.
  • Работа во рута или надвор од рута
  • Идентификација на комитент преку баркод слика
  • Скенирање на баркод од артикли преку камера
  • Работа во реално време преку мобилен интернет

Апликацијата воведе поголема контрола на работењето, брзина во превземање на податоци и испраќање на креирани документи, преку едноставен и лесен за користење интерфејс.

Оваа целокупната промена му обезбеди на менаџментот брз преглед во состојбите, целосна контрола во однос на договорени услови со клиенти, пократко време за реализација на продажби и дополнителни информации за анализа и носење на навремени и клучни одлуки од раковдните лица.

Апликацијата која е прилагодена за Android базирани уреди овозможи целосна незаисност во изборот на моделот на мобилен уред за работа на терен и голем избор на достапни модели.

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис