Vektor19: Tерминал за бесконтактна контрола на пристап
Во ова време на пандемија сите се соочуваме со бирање на алатки за заштитита на нашите ценети вработени, соработници, клиенти и посетители согласно тековните мерки за заштита од коронавирусот. Дуна Ви го претставува најновиот производ во портфолиото – Vektor19 – термален терминал со функција за препознавање на лик. Овој производ со широка намена ќе помогне во предизвикот на превенција и контрола на заразни болести со функцијата бесконтактно мерење на температура од растојание до еден метар.
Трендот на бесконтактна контрола на пристап
Овластениот пристап отиде многу подалеку од користењето на копчињата, кодовите за пин и картичките. Сега се наоѓаме како влегуваме во ерата на препознавање на биометриски податоци – лик, отпечаток, око..
Употребата на препознавање лик за контрола на пристап и евиденција на работно време е неизбежен тренд што создава бесконтактно искуство. Со напредна технологија и практични функции, Vektor19 терминалите за препознавање лик носат подобра безбедност и подобрена ефикасност за контрола на пристап и следење на време на посетеност, што ги прави полесни за употреба од кога и да било!
Мерење на температура без контакт
Тестирањето без контакт е во состојба значително да ја намали веројатноста за инфекции пренесени преку контакт и ви овозможува откривање аномалии во температурата уште на влезот на Вашите простории.
Температурата може брзо да се мери во опсег од 0,5-0,8м, со точност од 0,3 ± и со брзина на мeрење 0,3 секунди. Со терминалот, како сите посетители, така и лицето кое би седело на влезот се заѓтитува од ризикот од пренесување на заразна болест.
Контрола врз почитување на препораките за носење маска
Истражувањата покажаа дека носењето на заштитна маска е ефикасна превентивна мерка при ширење на Covid-19, па тоа беше ставено како една од главните препораки за справување со пандемијата. Меѓутоа доста од индустриите го практикуваат носењето на маска како основен услов за заштита при работа. Вработените во болници, фабрики за прехрана, лаборатории, фабрики кои работат со хемиски препарати и слични индустрии мораат да носат маска како заштита за сопственото, но и здравјето на купувачите. Терминалот со мали подесувања овозможува пристап само на оние лица кои го исполнуваат овој услов.
Предизвик или обврска?
Искуството во изминатиот период и спроведување на процедури за заштита во борбата со Коронавирус (COVID 19) ни укажува на големи пропусти и грешки кога истите се извршуваат од страна на човечки фактор.
Многу често вработените не ги почитуваат и ги игнорираат утврдените процедури и мерки од страна на компанијата за начинот на однесување и користењето на заштитна опрема при доаѓање на работно место и околина. Сопствената одговорност е понекогаш на многу ниско ниво и ги доведува во опасност останатите вработени, менаџерскиот тим и вашите партнери и соработници.
Уред наспроти човек?
Многу од компаните применија решение кое вклучува лице одговорно да ја проверува телесната температура и да води рачна евиденција за влез на вработени и посетители, проверка дали носи маска и самиот тој да одлучува дали да му дозволи влез на работно место или посета на надворешно лице во вашиот објект. За жал сведоци сме на големо непочитување на утврдените процедури и мерки кои доведуваат до фатални последици за вработените, менаџментот и компанијата.
Наша препорака:
Потребно е да делувате превентивно за да заштитете вие и вашите вработени, да ја зголемите безбедноста при контакт со вашите клиенти и купувачи, да ја заштите ја вашата инвестиција и посточеки капитал, да ги избегнете зголемените трошоци и губење на приходи поради неработење или принудно затворање на вашиот објект/компанија, бидете лично и општествено одговорни.
Чувајте се!