ULTIMA® ERP Solutions
ULTIMA® ERP

ULTIMA® Core ERP е бизнис-пакет со интегрирани софтверски решенија, дизајнирани да одговорат на потребите на секоја компанија за планирање и управување со своите ресурси.
ULTIMA® ERP интегрираните софтверски решенија овозможуваат целосна контрола на сите ресурси, организација на сектори, детален преглед на сите внатрешни и надворешни процеси. Со комплетниот увид на сите сегменти, компанијата заштедува на време и добива на предност во донесувањето на вистински одлуки, брзо и едноставно.
Софтверските пакети претставуваат спој на модули за различни сегменти во работењето на компанијата: набавка, продажба, дистрибуција, комерцијално работење, книговодство, унапредување на продажба, генерирање и дистрибуција на извештаи.
ULTIMA® Core – е основен пакет наменет за мали и средни компании кој на корисниците им овозможува целосен увид во работењето преку детални финансиски извештаи и анализа на продажбата. Погоден за дистрибутери на производи за широка потрошувачка, продажба на стоки и услуги. Може да се користи за целите на подажба (на мало, на големо или на терен), набавка, магацинско работење, сервис и слично. Вклучени функционалности:
- Влезни документи – приеми, повратници, калкулација и др.;
- Излезни документи – фактури, испратници, доставници, налог и др.;
- Неограничен број на складишта;
- Работа со повеќе ценовници;
- Благајна;
- Материјални и финансиски извештаи;
- Сметководство (финансиски менаџмент);
- Основни средства;
- Групно копирање документи;
- Групно фактурирање;
- Групно печатење документи;
- Основно производство;
- Девизна калкулација – царинско работење;
Постојап повеќе достапни дополнителни модули за ULTIMA® Core основниот пакет наменети за средни и големи компании, кои што во своето работење вклучуваат напредни фукционалности и можности.
Модулот за финансов менаџмент овозможува целосено финансово работење и преглди (биланс на успех, биланс на состојба и др.). Document flow предефинираниот тек на документи ја зголемува ефикасноста во работењето и ги автоматизира обемните процедури за изработка на документи. Достапни дополнителни модули се:
- Финансиско работење;
- Малопродажба Middleware за поврзување со малопродажни објекти;
- HR и пресметка на плата;
- Мобилно работење Middleware;
- Наплата;
- Возен парк
- Workflow тек на документи;
- Модул за деловна аналитика BI (business Intelligence);
- CRM Mobile (Customer Relationship Management);
- Буџет;
Погоре наведените модули интегрирани со ULTIMA® Core на корисниците ќе им овозможат:
- Kомплетен преглед на материјалното и финансиското работење во компанијата;
- Kонтрола на сите влезни и излезни процеси;
- Пристап до широка база на податоци;
- Напредна аналитика на пазарите и потрошувачите;
- Стандардизација по финансиски правилници;
- Компатибилност со различни ISO стандарди;
ULTIMA® Core како и дополнителните модули работат во Windows околина кај корисникот или во Cloud систем (виртуелен сервер, со пристап преку интернет).