Направете паметна средина за работа
Направете паметна средина за работа со Duna Smart Office – решенија добри за вработените, бизнисот и природата.
Smart Office e атрактивно и функционално решение за модерни канцеларии, кои ја подобруваат работната средина, а преку тоа ги зголемуваат задоволството и продуктивноста на вработените. Истовремено Smart Office им помага на компаниите да работат поефикасно и да заштедат на трошоци, трудејки се да бидат подобри спрема природата.
Енергетска ефикасност
Со интегрирање на IoT уреди кои следат потрошувачка на електрична енергија, контролираат осветлување, греење/ладење и имаат On/Off контрола на потрошувачи во работниот простор кои немаат потреба да работат кога просторот е празен. Со ова работните простории можат да ја намалат потрошувачката на електрична енергија од 10% до 30%.
Контрола на пристап и евиденција на работно време
Со интелигентни работни простории кои имаат паметен систем со помош на кој канцелариите си го знаат работното време на своите вработени и имаат информација кога доаѓа првиот вработен, а кога си оди последниот. Интегрираниот систем лесно може:
- На почетокот на работното време ги подигне завесите и го осветли работниот простор со дневна светлина, а доколку сензорите за светлина увидат дека нема доволно природна светлина се вклучува осветлувањето таму каде што е потребно
- Ги исклучува на крај на работно време (или по излез на последниот вработен) сите потрошувачи кои немаат потреба да работат како: осветлување, телевизори, кафемати, монитори, проектори, греење/ладење…
- Тековно го контролира греењето и ладењето според информацијата од поставените сензори за температура
- Тековно го контролира осветлувањето во просториите каде е тоа потребно според моменталното измерено ниво на осветленост
Смарт Фолија
Доколу имате отворени стаклени ѕидови во канцеларискиот простор Смарт Фолијата е одлична алтернатива на завеси или ролетни за овозможување приватност во канцеларискиот простор или овозможување на салата за состаноци да биде од отворен или затворен тип во било кој момент.
Смарт фолијата претставува повеќеслојна фолија која има течен кристал во еден од слоевите, кога ќе протече електрична енергија станува транспарентна, додека кога не е вклучена не дозволува видливост низ стаклото. Смарт фолијата се монтира на веќе постоечки стаклени ѕидови. Тенката инсталација се крие во рамките на стаклото. Откако ќе се интегрира во паметниот систем за контрола, лесно се управува со помош на паметен телефон, далечински управувач, или автомизирано на време/сензор.
Контактирајте не за да дознаете како може да ја направите вашата канцеларија паметна. Зголемете ја ефикасноста, безбедноста и комфортот, додека намалувате на трошоци. Вашиот паметен простор ќе е спремен да ве прими наутро и да ве испрати попладне без вие да се гружите за уредите и системите управувани во него.