Ricoh нова серија уреди

Ricoh
Сподели

Веќе повеќе од 25 години, Дуна е водечка македонска ИТ компанија која секојдневно ги движи своите клиенти низ бизнисот овозможувајќи им подобра колаборациона средина, унапредување на своите бизнис процеси, заштеда на трошоците како и имплементација на модерни и современи решенија во своето секојдневно работење.

Дуна е ексклузивен увозник на Ricoh машините, со долгогодишна соработка повеќе од 20 години, кој ви ја нуди новата серија на Ricoh мултифункциски уреди и печатари.                                                            

Компанијата Ricoh е водечки светски провајдер во областа на управување со печатењето и докумeнтацијата. Ricoh нуди иновативни услуги и решенија за вашето работно место, овозможувајќи им на луѓето и компаниите да бидат во тек со најновите технолошки трендови .

 За 85 години со решенија за управување со документи, Ricoh помогна да се трансформираат  работни места, ИТ услуги, комуникациски услуги, комерцијално и индустриско печатење, дигитални камери и индустриски производи. На уредите на Ricoh се печати секоја трета страница на планетата.

Покрај мултифункциските уреди и печатари Ricoh во својот асортиман нуди и проектори, системи за комуникација, 3D печатари, камери,фотоапарати и интерактивни табли.

Компанијата покрај хардверот нуди и софтверски решенија кои се однесуваат на: управување и контрола на печатење и документација во компаниите/организациите – од настанување до уништување.

Овие услуги, односно концепти за управување се нарекуваат Managed Print Services и Managed Document Services.

Managed Print Services, скратено се нарекува MPS и подразбира outscoring на сите уреди за печатење и скенирање. На овој начин се формира единствен процес кој се опфаќа со договор на екстерната страна.

Поимот МРЅ често се појавува и како дел од поширокиот поим – Managed Document Services(MDS) кој се однесува на сервисирање на управувањето со документацијата.

Под поимот MDS најчесто се опфатени три најбитни елементи: СНИМАЊЕ (создавање информација), ТРАНСФОРМАЦИЈА (движење на информацијата) и УПРАВУВАЊЕ  (обработка на информацијата која дава деловна вредност).

Во време на пандемија и тешки услови  Ricoh успеа  новата година да  ја започне со лансирање на нови мултифункциски уреди и печатари. Новите мултифункциски уреди M 320 FB и M 320 F кои доаѓаат во А4, црно-бел формат се пакет од 4 функции  во 1 уред.

Содржат опции за принтање, копирање, скенирање и испраќање на факс. Со еволуцијата на дигиталниот свет некои од купувачите преферираат уреди без факс па затоа Ricoh додаде уште еден мултифункциски уред М 320 кој е пакет од 3 функции во 1 уред и се состои од основните опции за принтање, копирање и скенирање.

Додека пак новите единечни печатари Р 310 и Р 311 познати и како Single Production Printers се компактни А4, црно-бели печатари со неверојатна брзина. Разликата помеѓу нив е капацитетот на тонерот и преферираните трошоци за работа на печатарите.

Придобивки од новата серија на Ricoh мултифункциски уреди и единечни печатари

Ricoh  М 320FB, M 320F, M 320

  • Подготвен за употреба во рок од 30 секунди по вклучувањето
  • 7,5 секунди брзина за печатење на прва страна
  • Висока континуирана брзина од 32 страници во минута
  • Контролен панел  во боја од 4,3 инчи
  • Опција за  WiFi од 2,4 GHz/5 GHz

Ricoh P 311, P 310

  • Подготвен за употреба во рок од 26 секунди по вклучувањето
  • 7,5 секунди брзина за печатење на прва страна
  • Висока континуирана брзина од 32 страници во минута
  • 4 линиски ЛЦД мобилен десктоп
  • Опција за  WiFi од 2,4 GHz/5 GHz

Заклучок

Овие иновативни уреди лесно можат да заменат неколку уреди со една функција и да го подобрат вашето тековно работење. Очекувајте резултати што ги надминуваат барањата на вашата работна група без да го загрозат вашиот простор или вашиот буџет.

Опсегот на печатари на Ricoh ви дава широка функционалност на дофат на раката. Без разлика дали барате безжичен, мрежен или самостоен црно-бел или повеќефункционален печатар во боја, ние нудиме брзи, висококвалитетни, кориснички производи кои ќе ја зголемат вашата продуктивност по прифатлива цена.

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис