Дуна со уште еден успешен проект: Резултати – софтверска платформа за следење излезеност, процесирање и презентација на резултати од гласање
Оваа година реализиравме уште еден успешен проект. Дуна повторно докажа зошто е една од водечките ИТ компании во земјата и регионот.
Резултати претставува решение за прегледност на резултатите од гласање, кое има за цел да ја зголеми транспарентноста на изборниот процес преку подобрување на прегледноста, ефикасноста и брзината на прикажување на резултатите во реално време.
Целокупниот проект вклучва неколку софтверски модули што опфаќаат внес и обработка на податоци за излезеност, процесирање и презентација на резултати од гласање. Решението вклучува интерна и јавна веб страница детален приказ за излезеност и гласање, како и табеларен и графички приказ на вкупно освоени гласови и распределба на мандати.
Целокупното работење за внес на податоци, обработка и презентација на истите се одвива во реално време.
Внесот на податоци беше користен истовремено од страна на повеќе од 3500 корисници на апликацијата за внес на излезеност, како и за прв и втор внес на гласање.
Целокупниот процес за внес и обработка на податоци беше во согласност со законските одредби дефинирани од страна на Државната Изборна Комисија.
Иако портфолиото е веќе полно со софтверски решенија за повеќе намени во работењето, ова е само почеток. Дуна продолжува по патот на иновативност и наоѓање софтверски решенија за олеснување на работните процеси.
Вашиот сигурен бизнис партнер,
Дуна