Нов конференциски систем за говорење и гласање во Пленарна сала на Собранието на Република Северна Македонија

конференциски систем 11
Сподели

ДУНА во Декември 2021 успешно го испорача, инсталира и пушти во функција новиот систем за говорење и гласање во Пленарната сала на Собранието на Република Северна Македонија. На 27 Мај се одржа успешно првата седница со користење на новата опрема.

Заедно со производителот, согласно техничката спецификација, се направи специјален уникатен дизајн и изработка на мултимедијални единици кои на корисниците во Пленарната сала – пратеници, претставници на владата и други гости, им обезбеди напредна интеракција, достапност на материјали и информации, транспарентност и брзина во работењето.

Стариот систем кој беше во функција повеќе од 22 години, го достигна својот лимит, капацитет и функционалност и истиот беше ограничен во квалитет на аудио сигнали, надградби и поврзувања.

Новиот систем за говорење и гласање, ДУНА го дизајнира и изработи согласно најновите технолошки достигнувања, специјално изработени во епоскирачки алуминум со димензии за вградување во постоечкиот простор без портеба од интервенции во промена или преработка на работните маси.

Системот има целосна дигитална комуникација на сите компоненти – мултимедијални единици, преведувачки конзоли, говорница и обезбедува аналогни аудио излези кон постоечки систем во Собранието.

Факти и бројки

Квалификуваниот тим на ДУНА за ставање во функција на новиот систем инсталира повеќе од 7 км. компјутерски кабли, 650 приклучни кабли, 400 приклучни кутии. Новата опрема вклучува 168 мултимедијални единици кои имаат вграден екран осетлив на допир, работат во Full HD резолуција и овозможуваат интеракција на корисник за преглед на точки од дневен ред, преглед на материјали од седница, гласање, преглед на листи на говорници, податоци за пратеници и др.

Покрај мултимедијалните единици беа инсталирани специјална единица на говорница и два нови микрофони, IR радијатори и приемници за превод, дигитални единици за симултан превод, повеќе од 30 мрежни компоненти (сервер, свичеви, рутери, контролни единици и др. уреди) кои обезбедуваат највисоко ниво на функционалност и редундантност на системот.

Функционалност на системот

За целосна функционалност на единиците беше изработен специјален софтверски пакет кој обезбедува

  • повеќе јазичен интерфејс на мултимедијална единициа и автоматско прилагодување на јазик на превод и интерфејс према најавен корисник,
  • примена на уредби од деловодник за пријава за збор, реплики, процедурални барања за збор, визуелна идентификација на различни типови на барања за збор
  • Управување со говорничко време (тајмер) како и посебни режими на управување на микрофони
  • Уредување и управување со точки од седница
  • Управување со гласања и примена на различни типови на кворуми
  • Регистрација на пратеници со RFID картички без ограничување на место на седење
  • Поврзување со екрани во собраниска сала и прикази на листи на говорници, како и приказ на GEO  екран при гласање и детали резултати од гласање.  
  • Поврзување со постоечкиот систем на камери за управување со позиции и идентификација на активен говорник.
  • Поврзување со видео миксер и приказ на име и презиме на активен говорник, приказ на Гео екран при гласање и резултати
  • Избор на 16 аудио канали

Интеграција со надворешни системи

Согласно потребите и техничката спецификација, ДУНА обезбеди целосно поврзување и интеграција со еПарламент системот за креирање и управување со седници. Оваа интеграција обезбеди двонасочна комуникација и можност за управување со седница од страна на едниот или другиот систем. Интеграцијата согласно дефинираниот начин на работа овозможува:

  • Креирање на дневен ред (точки на седница)
  • Управување со дневен ред – редослед, додавање или бришење на точка
  • Управување со точки – активирање, дефинирање на статус на точка
  • Додавање на материјали (документи) на ново на точка или седница
  • Гласања – по точка или на ниво на седница

Придобивки и корисност

Новиот систем обезбедува голема транспарентност на работењето на Собранието и пратениците преку брза и сигурна комуникација со останатите системи и публикување на работењето во реално време на јавната веб страна од собранието.

Олеснета подготовка на материјали за седница и управување со истите.

Работа на пратениците со електронски документи што обезбедува заштеда на хартија и многу ја зголемува брзина во подготовка и работењето.

Зголемена контрола и управување со микрофони, говорници, аудио и видео материјали

Висок квалитет на аудио сигнал (интерно и кон надворешни системи)

Со овој проект ДУНА уште еднаш ги потврди своите способности и капацитети да дизјнира, изработи и испорача врвни технолошки решенија од областа на конференциски системи и опрема за говорење и гласање, целосно прилагодени според потребите на корисниците.

Континуираната надградба со знаење и вложување во нови технолошки решенија, ја поставуваат ДУНА на врвот на компаниите во регионот и пошироко како сигурен и доверлив партнер.

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис