Менаџирање на празничниот стрес со помош на Garmin
Доаѓа сезоната на празници и за многумина покрај украсни сијалички, добра храна и време со семејството, носи и посебен стрес. Всушност, за многумина, овој период, е најстресниот во годината. Прашајте се за момент: Дали се чувствувате како да сте под повеќе стрес за време на празниците? И ако да, како го менаџирате тој стрес?
Оставете го тоа на нас. Garmin часовниците го следат Вашиот стрес 24/7. И не само тоа – во нив е вклучен тајмер за опуштање, кој ќе ви помогне преку вежби за дишење да го намалите стресот. Така, секогаш кога ќе се почуствувате дека ви е потребно да здивнете, Garmin е тука на дофат, да Ви помогне.
Како работи? Одговорот е едноставен. Garmin часовниците ги следат варијациите на работата на Вашето срце (HRV). Интересен факт е дека срцето не бие во перфектен ритам. Всушност, има мали вариации во ритамот помеѓу отчукувањата. HRV е само фенси термин за малите промени кои се случуваат во просторот меѓу срцебиењата. И без да навлегуваме во научни детали, Вашиот Garmin ги користи овие податоци за да процени кога се чувствувате смирени или кога сте можеби под стрес. Тоа ќе Ве направи свесни кога можеби треба да одвоите минута за да се релаксирате.
Можете да го Видите нивото на стрес во секое време. Само одберете ја опцијата за стрес и останете сихронизирани. Ќе ви го покаже моменталното ниво на стрес и исто така ќе ви покаже графикон со нивото на стрес во последните неколку часови. Преку Garmin Connect апликацијата ќе може да го видите уште подетално просечниот дневен стрес, како варира стресот во текот на денот и колку време поминувате одморени и под различни нивоа на стрес.
Сега, кога знаете како се следи вашиот стрес, како можете да останете со ладна глава? Се наоѓате во огромен ред за чекање додека купувате подароци, или Ви изгорел колачот што сакавте да го однесете на гости. Garmin нема да го намали редот, или спаси колачот,но може да ви помогне да останете смирени. Преку Garmin лесно ќе пристапите до вежбите за дишење. Вашиот Garmin во следните 1 до 5 минути, ќе Ве води низ техника за дишење наречена Фарфолд, која можете да ја правите насекаде: во канцеларија, во кола или во ред на чекање. И се надеваме дека, кога вежбата ќе е завршена, ќе се чувствувате релаксирани и спремни да продолжите со Вашиот ден.
За да го започнете користењето на оваа функционалност:
• Одберете ја стрес функциата
• Притиснете enter или двојно притиснете за да ја видите статистиката за последните 4 часа
• Придвижете надоле
• Притиснете enter или yes и следете ги инструкциите на екранот
• Сега само релаксирајте се!
Дали ова Ви личи на нешто што го посакувате на Вашиот зглоб за време на празниците? Или знаете некој за кој ова ќе е совршено осмислен подарок? Одберете Garmin, за да го имате стресот под контрола – во текот на целата година.