Интерактивен систем iBoard НОВИТЕ СТАНДАРДИ ВРЗ БАЗА НА IR ТЕХНОЛОГИЈА И НЕАКТИВНА ПОВРШИНА
Интерактивните системи сè повеќе имаат примена во наставната програма во училиштата и во предучилишните институции, но и во секојдневните активности и деловни презентации во компаниите. Новите стандарди кај интерактивните решенија се базираат на IR технологија и неактивна површина, која што не влијае врз човековото здравје.
Интерактивниот систем iBoard IB88WR содржи интерактивна табла, проектор, мобилен или фиксен држач и апликативен софтвер. Предност на системот е IR технологијата која овозможува интеракција со таблата со прст или било каква алатка, независна од дополнителен електронски уред или батерии, а овозможува интеракција на повеќе корисници истовремено, благодарејки на multitouch опцијата. Преку дополнителен хардвер, системот може да се користи како колаборација и конференциско поврзување со други уреди и канцеларии врз база на remote пристап.
Апликативниот софтвер iDo Touch е преведен на македонски јазик и содржи огромна датотека на слики, урнеци и слични материјали кои што помагаат во секојдневната настава и при канцелариска работа. Софтверот овозможува работа со виртуелни алатки, инсертирање на слики, геометриски тела и наставни програми. Притоа, дозволува поврзување со интернет