Предизвикот на планинското трчање
Планинско трчање е еден вид алтернативно трчање, односно активност која ги комбинира планинарењето и трчањето, каде најзастапени се планинските патеки со различни градиенти. Ова трчање е попредизвикувачко од обичното трчање, во поглед на координација, агилност и баланс, особено на патеки каде што има многу камења, корења и нерамнини. Антонио Каранфилоски е наш Garmin претставник, и страсен планински тркач. Зборевме со него околу планинското трчање во Македонија и како го користи Garmin за да ги подобри своите резултати.
Како почна да се занимаваш со планинско трчање?
Бев привлечен од тоа што не бара користење на никакви надворешни реквизити и нуди можност за уживање во природата. Тренинзите се скоро секогаш на отворено и во природа. Активно трчам од 2015 година, претходно само периодично за потребите на друг спорт. Иницијална трка ми беше првото издание на Momata Rock Trail – планинска трка, со позитивна денивелација од 1100 метри и должина од 18 километри.
Koи твои резултати ти се особено драги?
До сега имам завршено 35 трки, од различен тип (планинско трчање, асфалт и спортска ориентација), секоја од нив ми е драга. Кога би морал да одберам би ги издвоил најдолгите: Adventure Sky Run (55km 3600 D+), KMT (65km 3000 D+) и неколкуте маратони.
Koj е твојот главен мотив да се занимаваш со трчање?
Трчам за моја лична сатисфакција, и сметам дека преку трчањето можам да го подобрам психофизичкиот равој. Од првиот тренинг па се до денес активно работам на подобрување на моите перформанси, како и подобрување на квалитетот на живот што произлегува како бенефит од спортските активности.
Како го користиш Garmin часовникот за остварување на твоите цели?
Garmin часовникот го користам за следење на тренинг активностите – истрчани километри, потребно време, искачена висина, интензитет на тренинг. Часовникот го користам многу често, скоро на секој тренинг, како една од алатките за мониторинг, и пронаоѓање начин за подобрување.
Како според тебе Garmin би им се нашол на спортистите, а и на тие што се уште не се посветиле на некој спорт?
Garmin е добар избор без разлика дали станува збор за спортист или почетник затоа што е многу прецизен и конзистентен, нуди одлични алатки за следење и креирање тренинзи, исто така опфатени се голем број спортови