Дуна по втор пат е избрана за СУПЕРБРЕНД на Македонија
Драги наши корисници и клиенти,
Ви благодариме за довербата и соработката со Дуна изминатата година која што по втор пат придонесе Дуна да биде изгласана за СУПЕРБРЕНД на Македонија.
Оваа година Дуна беше номинирана како авторитативна и препознатлива фирма и заслужено е избрана за бренд со долгорочна и одржлива брендинг стратегија.
Преку направени истражувања на пазарот од страна на реномирани агенции собрани се значителен број на информации и податоци за да се обезбеди листа на номинирани компании. На оваа листа Дуна успеа по втор пат да се избори и да го заслужи своето место како СУПЕРБРЕНД на Македонија.
Стратегијата на компанијата да се води по барањата и потребите на клиентите и да обезбеди препознатливост на својата трговска понуда на пазарот е цел која што обезбедува задоволство од страна на клинетите. Брендирањето и препознатливиот знак и лого на Дуна кои што се лесно видливи ја дополнуваат стратегијата за квалитено и одржливо постоење на понудата на Дуна. Со тоа не само производите кои што ги увезува и за кои што е овалстен комерцијален и сервисен претставник Дуна сама по себе прерасна во бренд компенија во Македoнија.