ДУНА на FMCG SUMMIT 2016
На вториот по ред FMCG Summit кој што се одржа на 13.05.2016 година во Александар палас во Скопје Дуна Компјутери како негов генерален спонзор имаше можност да од близу се претстави на секторот за стоки за широка потрошувачка преку свој showroom.
На најголемиот трговски настан на годината присуствуваа повеќе од 280 учесници од над 90 компании кои што слушаа, прашуваа, коментираа и споделуваа искуства во неколку тематски категории: (1) Слатко-горкиот вкус на лидерството, (2) Category management: Војна на ѕвездите, (3) Продавај, продавај, продавај!, (4) Промоциите како трка на долги патики и (5) „Некои тоа го прават вешто” – приватни трговски марки. Исклучително успешниот настан беше заокружен со интересна sharing сесија на тркалезна маса со тема „Основните аспекти на пласирањето приватни трговски марки наспроти брендовите“.
Секторот за стоки за широка потрошувачка за да на современиот купувач му го понуди она што му е најважно денес не може да го замисли своето оперативно постоење и напредок без ИТ индустријата. Поради се понагласената потреба од непрекината и квалитетна меѓусекторска соработка за постигнување на заедничка цел, задоволен купувач, Дуна беше поттикната да ги претстави и понуди своите најнови производи и услуги потребни на индустријата за малопродажба. “Дуна Компјутери е препознатлив бренд на македонскиот и регионалниот пазар повеќе од 22 години. Ние сите свои ресурси ги насочуваме кон успешните компании, бизниси и брендови во Македонија за да им обезбедиме стабилна, успешна и безбедна работна околина преку користење на најсофистицирани софтверски решенија и алатки препознатливи под брендот ULTIMA. Нашите корисници знаат дека технологијата е клучна за секој лидер на пазарот. Таа им помага да остварат целосна трансформација и напредок на компанијата. Со нејзините процеси, модули и програми овозможува централизирано управување на задачи во кои што спаѓаат менаџментот и контолата на компанијата, а што е особено важно во градењето на долгорочни врски со купувачите. Затоа ULTIMA е секогаш прв избор!“- потенцираше Валентина Иваноска, оперативен менаџер во Дуна. На нашите два showroom пултови присутните можеа одблизу и на реална база да ги погледнат водечките производи: Ultima Попис, Ultima CRM, iUltima- апликација за мобилно работење и Spinaker- најпродаваниот софтвер за малопродажно рабoтење во 2015 година. Предизвикани од брзиот пробив на технологијата во овој сектор имавме чест да ја претставиме и најголемата новина во портфолиото на Дуна за оваа година, Duna ePrice– систем за управување и презентација на електронски цени во малопродажни објекти. И Дуна не би била Дуна доколку не обезбеди изненадувања. На најсреќниот учесник присутен на настанот, г-ѓа Кристина Стаматовска од “Колгејт- Палмолајф“ и подаривме рачен часовник од серијата Garmin за релаксирано извршување на дневните рекреативни активности.
Чест ни е што бевме дел од овој самит и што имавме можност со најуспешните компании во Македонија и регионот да ги споделиме своите искуства и знаења во насока на засилување на својот потенцијал. Во име на поттикнување на успешната соработка помеѓу компаниите се надеваме на уште многу успешни настани од овој тип и успешни релации и засилена комуникација помеѓу учесниците.