Дуна Албанија – официјален ИТ партнер на UEFA Europa

Сподели

Дуна Албанија е официјален ИТ партнер за дигитални принт решенија на првото финале на конференциската лига на UEFA Europa меѓу Roma и Feyenoord. Нашата компанија обезбеди комплетна инсталација и поддршка за принтерско мониторирање и менаџирање за потребите на овој високо престижен настан. Како долгогодишен партнер на Ricoh, чест ни е што сме дел од ова финале кое се одржува денес во Тирана, Албанија на стадионот Air Albania.

Нашиот тим, со посебна посветеност, имплементираше решение кое вклучува инсталирање мултифункционални колор Ricoh принтери, имплементација на софтвер за мониторирање на печатење поставен на разни локации предвидени од UEFA (вклучително и на стадионот), канцелариски простории и хотелски капацитети кои ги користеше тимот на UEFA за организација на настанот. Овие решенија ги користат и огромниот број акредитирани новинари од светот и претставници на клубовите Roma и Feyenoord.

Добиената доверба од УЕФА е уште една потврда за квалитетот на услугите кои што ДУНА ги нуди во делот на принтерските решенија заедно со својот партнер Ricoh и доказ за континуираното највисоко ниво на професионалност при испорачување решенија.

За нас како Дуна, добиената доверба од UEFA е уште една потврда за квалитетот на услугите што ги нудиме во принтерските решенија.

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис