Другите за нас: Објавено во Магазинот на Бизнис центарот Airport city, Belgrade ДУНА НА СРПСКИОТ ПАЗАР И КАКО ОВЛАСТЕН ДИСТИБУТЕР НА RICOH
Од пред неколку години, Дуна ја прошири својата работа во регионот на Југоисточна европа, а од септември 2015 година стигна и во Србија, каде што ги отвори вратите во деловниот центар Airport city, Belgrade Дуна се претстави на пазарот во Србија со својата ќерка фирма Дуна ИНТ на најдобар можен начин – еден месец бесплатно користење на RICOH производите, со вклучен потрошен материјал и обезбедени сервисни услуги без обврски.
Дуна е водечка IT компанија со преку 70 вработени, која веќе 20 години успешно работи на македонскиот пазар во производство на софтверски решенија ULTIMA, производство на фискални уреди и застапништво на најголемите светски брендови- Apple, Ricoh, Brahler, Garmin, iBoard…
Низ изминатите 20 години, Дуна постојано инвестира во својот раст и развој. Со текот на годините, Компанијата стана ескперт за корпоративни проекти и препознатлива е по иновативните софтверски решенија.
“Големо задоволство е да се биде дел од еден успешен тим, а уште поголемо е задоволството кога придонесуваш во градењето на успехот. Со трудот кој што го вложуваме, знаењето со кое што располагаме и со квалитетот на услуги и производи кои ги нудиме, несомнено создаваме можности за остварување на зацртаните цели. А ние зацртавме успех! Цврсто верувам дека и на српскиот пазар ке бидеме подеднакво успешни како и во Македонија и во Регионот.“, изјави Вида Петрова, Office Менаџер во Дуна ИНТ.