Вработување

Овој период, и покрај кризата, Дуна ги отвра вратите за вработување на неколку работни позиции. Бараме колеги кои ќе го надополнат нашиот тим. Амбициозни, вредни, одговорни, лојални луѓе кои сакаат да работат во средина во која ќе имаат можност да се остварат кариерно со свои идеи со комплетна поддршка од нашиот искусен тим.

Доколку се пронаоѓате во описот на отворените работни позиции, испратете го вашето CV на konkurs@duna.mk со назнака за која позиција аплицирате:


FULL STACK DEVELOPER

Што нудиш ти:

  • Сериозен ангажман
  • Отворен ум за предлози за нови проекти
  • Искуство и практично техничко знање на бази на податоци SQL Server, C#, Angular / TypeScript , Visual Studio и .NET Framework & .NET Core
  • Креативност, иницијатива и иновативност
  • Способност за работа при притисок и придржување до строги рокови
  • Одлични комуникациски вештини и тимски дух

Ние нудиме:

  • Работна позиција со целосно работно време во стабилна компанија
  • Стимулативна средина со мотивирачки делови на договорот
  • Компјутер и додатна опрема за работа – по твој избор
  • Можност за remote работа
  • Флексибилно работно време
  • Oдлични можности да ги примениш твоето искуство, знаење и креативност
  • Работа на проекти во Дуна Албанија и Дуна Србија
  • Компетитивна, но пријателска атмосфера

Можност за проширување на твоите знаења за да бидеш во чекор со трендовите на пазарот со обуки на кои можеш да присуствуваш – ние ги поддржуваме трошоците за обука за тебе


SALES & BUSINESS DEVELOPER

Работни активности:

  • Препознавање и контактирање потенцијални клиенти
  • Организирање на состаноци со потенцијални клиенти со цел презентација на продукти
  • Преговарање за цените со потенцијалните клиенти и затворање на продажбата
  • Идентификување на можностите за нови деловни активности и продукти на пазарот
  • Остварување на таргетите утврдени од директорот за продажба
  • Анализа на конкурентите и нивните активности во индустријата
  • Градење долгорочни односи и партнерства со нови и постојни клиенти
  • Обезбедување на целосна администрација во врска со продажбата
  • Соработка со други оддели и изнаоѓање на можности за вкрстување на продажбата

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција со докажана способност за управување со продажба и генерирање нови бизнис можности
  • Широки познавања од ИТ индустријата (софтвер и хардвер)
  • Амбициозна личност со глад за успех
  • Самоуверен и искусен преговарач способен да управува со приход и буџети
  • Солидно познавање англиски јазик
  • Активно возачко исктуство – минимум Б категорија

Ние нудиме:

  • Работна позиција со целосно работно време во стабилна компанија
  • Редовни месечни примања
  • Бонуси без лимит
  • Стимулативна средина со мотивирачки делови на договорот
  • Компетитивна, но пријателска атмосфера

TECHNICAL SUPPORT

Работни активности:

  • Дијагностика, интервенции и поправки на хардверска опрема – компјутери (десктоп или преносни), мултифункциски уреди (принтер/скенер/копир), сервери (Windows околина) и мрежна опрема
  • Инсталација, подесување и поврзување на уреди во компјутерска мрежа, подесување на компјутерска мрежна опрема
  • Инсталација и подесување на софтверски апликации (Windows базирани клиентски апликации и оперативнисистеми). Познавање и работа со аудио/видео опрема и IoT уреди се смета за предност.

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Активно возачко исктуство – Б или Ц категорија
  • Познавање и искуство во работа со оперативни системи
  • Способност и вештини за инсталација, сервисирање, одржување и обука на производите на ДУНА
  • Тимски дух

Ние нудиме:

  • Работна позиција со целосно работно време во стабилна компанија
  • Редовни месечни примања
  • Стимулативна средина со мотивирачки делови на договорот
  • Компетитивна, но пријателска атмосфера