Author Archives: admin
DUNA CONCEPT STORE: УРБАНО МЕСТО КАДЕ ШТО СЕКОЈ ЌЕ ПРОНАЈДЕ НЕШТО ЗА СЕБЕ
Во срцето на Скопје, во Градскиот Трговски Центар, на старата локација, но во една поинаква форма и со поразлична содржина, имаме задоволство да ви го претставиме новиот Duna Concept Store. Концепт на продавница која возбудува; која ги размазува сетилата на сладокусците по технологија; која овозможува прошетка низ врвните достигнувања на IT индустријата; која ги носи на дланка производите и услугите на ДУНА и нејзините партнери…
Следејќи ги глобалните трендови, продажниот салон го конципиравме да ги надрасне рамките на традиционалното и Повеќе...
Обука за Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси
Менаџерските вештини за управување со човечки ресурси се од една страна есенцијален дел на секоја успешна компанија, но и нејзин најголем предизвик. Со обуката Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси организирана од Стопанската комора на Република Македонија, нашата вработена Срна Илова имаше можност да проследи светските трендовите во оваа област. Оваа обука претставуваше и добра подготовка за иднината на работата и работните позиции кои неминовно не очекуваат.
Преку шест мошне значајни теми за современите предизвици со кои компаниите се Повеќе...
ДУНА – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
По повод значајниот јубилеј – 95 години постоење, на традиционален настан беа доделени Наградите на Стопанската Комора на Македонија на неколку компании кои што се издвојуваат како најуспешни деловни субјекти во државата. Меѓу нив, беше и нашата Дуна.
Големиот настан поврзан со јубилејот на Стопанската Комора на Македонија, се одржа на 17 февруари, во Скопје, во присуство на комлетната домашна бизнис елита, придружувана од дел од влијателните домашни и меѓународни економски и политички авторитети.
Повеќе...
Фестивал на Младо Вино
Винарија Тиквеш посветено го одржува Фестивалот на Младо Вино, кој што ја одбележува повеќе од 13 децениската традиција на вино во Македонија. За виното се одговорни тие, а за техничката поддршка околу организацијата и релизацијата на целиот настан е задолжен тимот на Duna Events. Како и секогаш,така и овој пат,ова е настан со многу позитивна енергија,со врвно вино и убава музика. Заедно со нашите пријатели од Тиквеш подготвени сме да ги пречекаме сите идни предизвици.
Повеќе...
Новиот Apple MacBook: Иднината на преносните компјутери.
Со новиот MacBook, Apple успеа да го направи невозможното – да го создаде најлесниот и најкомпактниот Mac лаптоп од било кога до сега. Резултатот е многу повеќе од само еден нов лаптоп. Тоа е иднината на преносните компјутери.
Тастатура
За да се создаде нова тастатура, Apple го редизајнира секое копче и неговиот основен механизам – не само што целата тастатура е многу потенка, исто така, таа овозможува поудобно и попрецизно пишување.
Ретина монитор
12-инчниот Retina дисплеј е прецизно усовршуван за да овозможи незаборавно визуелно Повеќе...
12th FM World Anniversary powered by DUNA Events
Не само што организиравме неверојатен Интернационален тренинг за лидерите на FM World од Полска туку и незаборавен Гала настан за 12-тата годишнина на брендот Од 01 до 07 октомври во прекрасен хотел и одлично време се одржаа годишните сесии на FM World за лансирање на нови производи во шармантната Термисиа во Грција. На 03.10.2016, пак се одржа водечиот настан FM World International Training со водечка тема: „Здрав начин на живот и соодветна исхрана поддржани со дозирано Повеќе...