Профил

Веќе трета деценија ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.

Целосно сме фокусирани на тоа преку успешни проекти и корпоративни решенија да сме незаменлив дел во бизнис секторот, но и столб и поддршка на работењето на институциите. Истовремено преку бројни еколошки и филантропски акции посветени сме и на издигнување на глобалната свесност за општествна одговорност.

Визија

Визијата на Дуна е да стане препознатлива компанија, која ќе обезбеди најнови технолошки достигнувања на сите свои корисници, ќе изгради со нив стабилно партнерство и ќе постигне највисоки стандарди за општествено делување.

Мисија

Дуна ќе изгради средина за развој на информатичката технологија, ќе понуди иновативни производи и решенија и ќе ги предизвика сите вработени кон неприкосновен квалитет и вредности за своите корисници. Нашите постапки ќе обезбедат освојување на интернационалниот пазар и постојано зголемување на профитот, а во насока на континуиран раст на компанијата.

Социјална Одговорност

Визијата на Дуна е да стане препознатлива компанија, која ќе обезбеди најнови технолошки достигнувања на сите свои корисници, ќе изгради со нив стабилно партнерство и ќе постигне највисоки стандарди за општествено делување.

Дуна силно верува во општествено корисни акции, кои се поддржани не само од компанијата, туку и од нејзините вработени. Во таа насока, поддржуваме организации и проектите кои ги развиваат. Присутни сме во јавни установи за грижа на деца, спортски активности и заштита и одржување на животната околина. Особено сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење. Бидејќи смеата ни е омилен звук продолжуваме со нашите филантропски акции:

  • Спонзор на фондацијата Златна рипка во проектот – Исполни желба
  • Покровител на Стопанска комора на Македонија
  • Спонзор на Лизгачка федерација на Македонија на настанот – детско првенство во лизгањe

  • Спонзор на на Скопскиот маратон во организација на Сојуз на спортови на Скопје
  • Спонзор на прославата 4ти јули на Американска амбасада во РМ
  • Спонзор на Skopje street festival
  • Спонзор на Охридски маратон во организација на Пливачка федерација на Македонија

  • Спонзор на Охридски маратон во организација на Пливачка федерација на Македонија
  • Спонзор на на Скопскиот маратон во организација на Сојуз на спортови на Скопје
  • Спонзор на 16-то Балканско сениорско карате првенство во организација на Карате федерација на Македонија

  • Спонзор на Охридски маратон во организација на Пливачка федерација на Македонија
  • Спонзорство на ИБИ – Свежа идеја
  • Соработка со ФИНКИ за развој на софтверски апликации
  • Спонзор на „Банкекспо 2013“ во организација на Стопанската комора на Македонија
  • Проект за ресоцијализација на децата од Воспитно-поправниот дом „Тетово“ спроведен од Дуна

  • Спонзор на Скопскиот маратон
  • Технички покровител на настанот 90 години Стопанска комора на Македонија

  • Донација на опрема во училиште за деца со социјални потреби
  • Донација на домот за деца “11 Октомври”
  • Донација на компјутери и компјутерска опрема на Образовниот и рехабилитациски центар за деца со проблеми со слухот “Кочо Рацин” – Битола
  • Донатор – Кум на Отворете ги прозорците
  • Учество во садење на дрва на Пелистер
  • Проект за идентификација (обележување) и DNA мапирање на белоглавиот мршојадец
  • Донација на фамилија на ноеви на Скопската Зоолошка градина
  • Донација на идентификациски микрочипови за кучиња
  • Интернационален натпревар во одбојка за основни училишта
  • Пливачка федерација на Македонија
  • Квалификации за Европско првенство во одбојка
  • Првенство во кошарка во Македонија
  • Првенство во сноуборд во Македонија
  • Реставрација на ановите во манастирот Св. Јован Бигорски
  • Донација на икони во црквата Св. Димитрија во Бањишта – Дебар
  • Акција за собирање и рециклирање на е-отпад
  • Отворање на Apple Regional Training Centar и одржување на бесплатни обуки за студенти
  • Спонзорство на Скијачка федерација на Македонија за Европски куп во сноуборд
  • Акција за собирање и рециклирање на е-отпад
  • Спонзорство на Одбојкарска федерација на Македонија
  • Спонзорство на конференција TEDxSkopje
  • Спонзорство на SEAT Open 2010 тениски турнир со донаторски карактер
  • Поставување на табли за планинарска патека Скопје – Водно – Матка
  • Спонзорство на Стопанска комора на Македонија во 2010 год.

СИСТЕМ НА КВАЛИТЕТ

За да бидеме сигурни дека нашите корисници ќе го добијат најдоброто решение, го вложуваме сето наше знаење, искуство и труд во изработка на Системот за квалитет.

Од 2001 година, Дуна постојано вложува во подобрување на Системот за квалитет и вклучува нови стандарди во своето работење со редовна ресертификација.

Дуна е сертифицирана со следните ISO стандарди:

  • ISO 9001:2015
  • ISO 14001:2015
  • ISO 27001:2011
  • ISO 20000-1:2013

Eкологија

Дуна е прва македонска IT компанија која е сертифицирана со ISO 14001 стандарди и која активно работи на полето на заштита и зачувување на околината.

Дуна нуди советување за своите корисници:

  • оптимизирани решенија во бизнисите кои ќе овозможат одржливост и намалување на негативното влијание на животната околина
  • намалување на емисијата на CO2, потрошувачката на енергија и електронскиот отпад
  • рециклирање на користени уреди и потрошни материјали

Нашите производи задоволуваат RoHS стандарди, погодни се за рециклирање, имаат голема енергетска ефикасност, односно штедат енергија.

Награди

  • Награда 95 години Стопанска комора
  • RVP најдобар настан во регионот
  • Награда за најдобри практики за развој на вработените од страна на Центарот за неформално образование Триаголник
  • Јубилејно признание за континуирано спроведување на општествено одговорни практики во период од 2007 – 2011 година од Координативното тело за општествена одговорност и Министерството за економија
  • Superbrand за Македонија за 2011/12
  • Сертификат за компанија со добро корпоративно работење од Транспарентност Нулта Корупција
  • Награда за корпоративна општествена одговорност
  • Награда за заштита на околината 2004/05 од NRG
  • Сертификат за компанија со добро корпоративно делување од USAID и Министерство за економија
  • Награда за филантропски активности од USAID и CIRA
  • Национална награда за најдобри општествено одговорни практики во 2009 година во категорија животна средина
  • Награден проект ENTER од ICT-WEB-PROMS и WINS-ICT, финансирани од Европската комисија