Горди на овој дел од тимот
Иако, мораме да признаеме, дека во секојдневното работење и при вработување не размислуваме од кој пол се нашите вработени, по повод денот на жената бевме мотивирани да се преброиме. Баш сме горди на нашиот паметен и убав женски тим и на тоа дека имаме силни жени кои придонесуваат за нашиот успех.
На светско ниво постојано се дискутира дека е потребна поголема застапеност на жените во Тех-индустријата. Кај нас, во тимот одговорен за развој на софтвер, 50% се девојки.
Не нè изнанадува дека девојките преовладуваат во тимовите за грижа со корисници, бидејќи навистина за тоа ги бива.
Во Duna Events, женскиот дел од тимот допринесува со креативност и способност за мултитаскинг.
Во секторот за финансии и администрација, на Горан му е лесно да работи покрај толку силни жени.
2 од 5 од менаџерите во компанијата се жени. Сакаме девојки кои се храбри, донесуваат важни одлуки и водат тимови!
Препознаваме дека балансиран тим допринесува за заеднички успех. Ако си интелегентна и амбициозна, добредојдена си да ни се приклучиш! 🙂