Вработување

Oglas Duna-01

ВРАБОТУВАME

Програмери
Техничари за подршка на настани

Огласот трае до 10.11.2016.

Вашите индивидуални познавања, желби и потреби ќе бидат ценет квалитет во остварување на колективни успеси! Станете дел од Дуна!

ПРОГРАМЕРИ

Трансферот на знаење, работната етика и силната мотивација за унапредување на образованието и работните вештини преку обезбедување на врвни услови за работа и напредок на индивидуално и тимско ниво се императив на Дуна. Искористете ја оваа можност да си обезбедите работна позиција во Дуна.

Ви нудиме:

  • Континуиран раст и развој преку посета на обуки кои што ги држат сертифицирани професионалци
  • Можност за континуиран напредок во компаниската хиерархија
  • Посветеност во постигнување на врвни резултати во одржување и развој на постоечки и нови апликации и софтверски решенија
  • Работа во енергична и динамична средина со компетентен и успешен тим посветен на постигнување успеси и раст на компанијата
  • Работа со пријателски тим и мотивирани вработени
  • Засилување на вашиот индивидуален и тимски просперитет, вашето знаење, вештини и интереси

Потребни компетенции:

  • Диплома од високообразова институција или последна година на истата (препорака: ФИНКИ и ФЕИТ)
  • Познавање на сите или дел од следните компетенции: .NET, C#, SQL, HTML5, JS, CSS3, ASP.NET MVC
  • Предност е поседување на валиден/ни Microsoft сертификат/и
  • Предност е поседување на валиден/ни сертификат/и од стекнати од неформално образование
  • Познавање на англиски јазик
  • Желба и предиспозиции за работа во динамичен и млад тим воден од искусни и докажани професионалци со мотивација за постојан индивидуален просперитет и едукација за подобрување на перформансите во тимот
  • Изразени комуникациски и тимски вештини

 

Техничари за подршка на настани

Доколку сте:

  • Динамична личност;
  • Поседувате деловна етика и лојалност;
  • Спремни сте за успеси;
  • Знаете да работите во тим;
  • Посветени сте на постигнување успеси;
  • Почитувате рокови; 
  • Имате завршено минимум средно техничко училиште;
  • Имате искуство или знаете да ракувате со аудио и видео опрема;
  • Имате искуство или знаете да ракувате опрема за симултан превод;

Техничарот за подршка на настани во Дуна присуствува и од технички аспект ги подржува сите корпоративни настани и настани на отворено и во затворени простории кои ги организира секторот – DUNA EVENT. Монтира аудио и видео опрема, опрема за симултан превод, шатори, бини, рампи и сите други видови опрема од кои корисниците имаат потреба и врши нејзино демонтирање по завршување на настанот. Работи како дел од најенергичниот и најпроспоритетен тим – ДУНА. Обезбедени му се врвни услови за работа и има можнот за постојан личен и професионален развој и напредок.

Доколку застанавте да го прочитате овој оглас тогаш сигурно го привлековме вашиот интерес. Затоа не се двоумете да испратите ваша апликација и да ги подобрите своите професионални можности и перспективи со испраќање на CV, мотивационо писмо и потребна докумантација на konkurs@duna.mk.

Ви посакуваме среќа и ве очекуваме во нашиот тим!