Услуги за управување со печатењето

MPS (1)Со оптимизиран процес на управување со печатењето се остваруваат мерливи заштеди во компанијата, преку врвни хардверски решенија, извонредна услуга и техничка поддршка во секое време.

Според анализите на Gartner, компаниите трошат околу 3% од приходите на печатење на документи.

Додека пак, со активното управување со печатар, копир и факс може да се остварат до 30% заштеди. Воедно, со оптимизирани решанија се намалува емисијата на CO2, искористувањето на енергијата и потрошните материјали.

Процесот на управување со печатење на документи опфаќа:

  • поставување или подобрување на мрежната инфраструктура во компанијата
  • поврзување на хардверски компненти (најчесто MFP) во инфраструктурата
  • сетирање на опција scan-to-mail / scan-to-folder
  • сетирање на опција fax-to-mail / fax-to-folder
  • сетирање на опција lan fax
  • сетирање на опција за двострано печатење
  • сетирање на опција Energy safe mode
  • сетирање на опција за мониторирање на уредите
  • сетирање на Print server
  • дефинирање на периодични извештаи за печатење по корисник / уред
  • обуки за користење

Со Договорот за наем и сервис се обезбедуваат финансиски олеснувања и се избегнува капитална инвестиција, а се остварува до 30% заштеда..