ULTIMA® Records Management – електронска архива изработена согласно правната рамка за Архивско работење

ULTIMA® Records Management – електронска архива изработена согласно правната рамка за Архивско работење

Профил

ULTIMA® Records Management System е систем кој што со еден клик обезбедува комплетно менаџирање со печатењето и управување со документите, манипулација со физичката архива на документи, нејзино складирање, без оглед на оддалеченоста и локацијата каде што тие физички се сместени, нивно испраќање, примање, обработка, преглед или превземање на податоци.

Records Management System

Со ULTIMA® RMS, освен што е физички архивирана, документацијата истовремено е скенирана и поставена во безбедна база на податоци. Со брз, флексибилен и едноставен начин, документите можат да се споделуваат и да се процесираат.

Основни функционалности се:

• Внес на скенирани документи

• Единечна и групна обработка на скенирани документи

• Физичко складирање

• Пребарување

• Приказ, превземање и печатење на документи

• Пребарување на кутии и регистратори преку Баркод слика

• Ограничување на пристап до документи

• Логистика

• Извештаи за пребарувани, користени и превземани документи

CRM-tablet

Достапност

ULTIMA® Records Management System е достапен на четири јазици: македонски, албански, српски и англиски, но има отворена можност јазикот да се прилагоди според потребите на корисникот.

Системот овозможува интеграција со сите софтверски пакети од ULTIMA® ERP системите Basic, Standard и Professional и има можност на автоматизирање на прием на документи.

Намена

ULTIMA® Records Management System е наменет e за работа во Windows околина. Работи преку глувче и тастатура или екран чувствителен на допир, со минимална резолуција од 1024px со 768px. За пристап на софтверот се користи веб прелистувач (Google Chrome).

Целокупната база и сите записи се криптирани и се поставени согласно со највисоките стандарди за пристап и чување на електронска копија на податоците и документите.