SPINAKER

ULTIMA® Inventory

ULTIMA® Pharmacy

ULTIMA® Retail

ULTIMA® POS and Retail Software

SPINAKER

SPINAKER е софтвер кој што овозможува поврзување на фискален принтер и компјутер, за брзо и едноставно управување со процесите во малопродажното работење.

Развиен е во согласност со препораките во законската регулатива, употребувајќи ги најновите техники и алатки за развој на кориснички софтвер и по сугестиите и потребите на нашите корисници.

Фокусот на Spinaker е во насока на обезбедување наједноставно и најбрзо работење во малопродажните објекти, како и намалување на времето кое што корисникот го поминува во пополнување на документите задолжителни за водење на дневното работење во малопродажните објекти. Овозможена е интеграција со ERP пакети и автоматско испраќање и примање на податоци.

Основни фунционалности се:

  • Печатење на фискална сметка / сторно сметка
  • Прием на стока од добавувачи ПЛТ
  • Попис
  • Генерирање на повеќе извештаи поврзани со малопродажно работење
    • Дневен, контролен и финансиски извештај
    • Книга на дневни финансиски извештаи
    • Извештај по касиери и друго
  • Автоматски внос на артикли од ULTIMA ERP пакети или од Excel табела
  • Автоматско испраќање на податоци за продажба и ПЛТ документи кон ULTIMA ERP пакети
  • Извештаи за малопродажба на мобилен уред

Наменет е за работа во Windows околина, овозможува работа со баркод слики, како и работа преку глувче и тастатура или екран чувствителен на допир.

ULTIMA® Inventory

ULTIMA® Inventory е решение за евиденција и попис на стока, материјали во магацин и / или малопродажни објекти, како и за попис на основни средства во секоја компанија и организација.

Со ULTIMA® Inventory, пописот може да се изврши лесно и навремено преку внес на податок од баркод етикета, без можност за погрешно внесување на податоци и со минимално користење на ресурсите.

Решението го сочинуваат две апликации – десктоп и мобилна, кои што овозможуваат брз и ефикасен начин на трансфер на податоци од постечка база кон мобилен компјутер, нивна обработка на повеќе локации каде што се врши попис на основните средства, како и враќање на нова состојба од реализиран попис на основните средства.

 

ULTIMA® Inventory системот овозможува и поврзување на Баркод печатар за печатење на единечни или серија на баркод етикети.

Синхронизацијата на податоци може да се реализира директно кон базата на податоци од ULTIMA ERP системот или во фолдер, преку превземање и испраќање на предефинирани електронски датотеки.

Основни функционалности се:

  • Превземање и синхронизација на податоци (автоматска или од предефиниран тип на датотека)
  • Внос на податок преку баркод или тастатура
  • Дефинирање на статус на ОС
  • Избор на локација
  • Печатење на баркод (поединечно или во серија)

Апликацијата за синхронизација на податоци и администрирање, работи во Windows околина, додека апликацијата за мобилниот уред е наменета за уреди со Android оперативен систем.

ULTIMA® Pharmacy

ULTIMA® Pharmacy е софтверска апликација наменета за едноставно, брзо и лесно работење во аптеки при прием, складирање и продажба на лекови и други фармацевтски производи и препарати.

ULTIMA® Pharmacy овозможува работа на една аптека, со едно или повеќе малопродажни места, како и повеќе аптеки во систем, со по едно или повеќе малопродажни места. Целокупното работење е во реално време, преку безбеден начин на комуникација и трансфер на податоци. Овозможува генерирање на прегледи и информации достапни на мобилен уред – преглед на вкупната продажба, продажба по смени, топ продажба по артикли и / или асортиман, како и мониторинг на целокупното работење на системот.

Системот овозможува нотификација при промена на цени од Фондот за здравствено осигурување, како и автоматско превземање на промените во ценовникот.

Функционалности на системот:

  • Комерцијално работење
  • Работа со рецепти (позитивна листа / негативна листа)
  • Управување со ценовници
  • Лагер Фонд за здравство / Комерцијален
  • ПЛТ
  • ЕТ
  • МЕТГ
  • Печатење на сметки
  • Попис
  • Креирање на Повратници
  • Издавање на Фактури
  • Фактурерање на Фонд (XML за рецепти)
  • Превземање и Рализација на рецепти од систем “Мој Термин“
  • Продажба на ортопедски помагала
  • Дистрибуција на извештаи на мобилен уред

Апликацијата работи во Windows околина кај корисник или во Cloud систем (виртуелен сервер со пристап преку интернет), при што е обезбедно и автоматско креирање на копија од податоците (Back-Up) на далечна локација. Овозможено е поврзување со сите типови на фискални печатари.

ULTIMA® Retail

ULTIMA® Retail е софтверски систем наменет за компании на кои што примарна дејност им е продажбата на мало, со една или повеќе продавници (продажни локации).

Решението обезбедува евиденција на продажба на мало со сите потребни документи, поврзување со фискален печатар / каса поради издавање на фискални сметки при продажба на мало, како и работа со документи при комерцијално работење за продажба на големо (про-фактура, фактура, испратница, повратница, сторно документи и слично).

Овозможен е прием на стока и материјали од добавувачи, креирање на ПЛТ за малопродажни места, евиденција во трговијата, генерирање на интерни документи (испратница / повратница од или кон магацин), управување со ценовници и ажурирање на измени во реално време. Решението обезбедува и целосно финансиско работење преку книжење (автоматски или рачно) на материјалните и финансиски документи, промет на мало и големо.

 

ULTIMA® Retail овозможува целосен преглед на оперативните активности во малопродажен објект или повеќе малопродажни објекти, преглед во реално време на материјални и финансиски состојби (лагер, магацинска картичка, промет и друго) во малопродажниот објект или на оддалечена локација. Има можост за добивање на прегледи и информации на мобилен уред – преглед на вкупна продажба, продажба по смени, топ продажба по артикл и / или асортиман / асортимами , мониторирање на целокупното работење на системот од оддалечена локација.

Функционалности на системот:

  • Малопродажба (еден или повеќе фискални печатари во ист објект или во различни малородажни објекти)
  • Комерцијално работење и продажба на големо
  • Управување со ценовници и контрола на промена на цени
  • ПЛТ
  • ЕТ
  • МЕТГ
  • Попис
  • Повратници
  • Иработка и печатење на Про-фактури, Фактури, Испратници
  • Генерирање на материјални и финансиски извештаи
  • Дистрибуција на извештаи на мобилен уред

Апликацијата работи во Windows околина кај корисник или во Cloud систем (виртуелен сервер со пристап преку интернет), при што е обезбедно и автоматско креирање на копија од податоците (Back-Up) на далечна локација. Во случај на прекин на интернет конекција, малопродажните места работат целосно автономно и независно, до воспоставување на повторна интернет комуникација и синхронизација