CRM Mobile Tablet

iUltima

Panic Button System

ULTIMA® Distribution Mobile

Мобилни апликации кои работат со ERP и CRM системи, Panic Button систем

CRM Mobile Tablet

CRM Mobile Tablet, мобилна апликација наменета за компании чија дејност е продажба и дистрибуција на стока или услуги, модул наменет за собирање на податоци од терен.

Апликацијата овозможува брзо и лесно управување со податоци за клиенти – контактни информации, следење на комерцијални активности, посета, нарачка и продажба на терен.

Податоците се превземаат и испраќаат кон централна база во реално време преку безбеден и брз канал на комуникација.

Основни фукционалности се:

  • Нарачка на продукти
  • Евиденција на застапеност на продукти
    • Сопствена програма
    • Конкурентска програма
  • Преглед на листа на активности
  • Маркетинг материјали
  • Досие на коминтенти
  • Прашалник-форма која служи за анкетирање на потрошувачите

Апликацијата е наменета за работа на Windows, iOS, и Android платформи. За комникација во реално време потребна е мобилна интернет конекција 3G/4G.

На централна локација (север) е поставен middleware, кој што ги прифаќа сите операции од корисникот на таблетот и овозможува читање или запис во база на податоци.

iUltima

iULTIMA®, мобилна апликација дизајнирана за iPad таблет, која е дел од ULTIMA® ERP и CRM сoфтверскиот систем на Дуна.

Со iULTIMA® компаниите можат да понудат точни и навремени информации за своите корисници, со цел да ја подобрат својата услуга, а во насока на обезбедување на конкурентна предност. Корисниците на овој систем можат да користат голем избор на документи и извештаи директно од терен, кои веднаш се синхронизираат со централната база на податоци на компанијата.

iULTIMA® е додаток на ULTIMA® ERP и може да функционира само како компатибилна апликација на пакетите ULTIMA® Basic, Standard, Professional и Enterprise.

Со iULTIMA®, корисниците на ERP софтверот имаат неверојатна можност да придонесат кон зголемување на продажбата, продуктивноста на вработените и да добијат комплетен преглед на работењето на компанијата.

Основни фукционалности се:

  • Изработка на документи
  • Посета,
  • Нарачка
  • Прашалник
  • Контрола (Facing)
  • Испорака на ТММ
  • Преглед на досие на коминтент
  • Листа на докуенти
  • Интеграција со базата на компанијата
  • Интеграција со ULTIMA® ERP пакетите

iULTIMA® е достапна за таблет уреди со iOS. Обезбедува комуникација со централна база на податоци преку мобилен интернет. Овозможена е интеграција и поврзување со сите пакети на ULTIMA ERP – Basic, Standard, Professional, Enterprise, CRM.

Panic Button system

Panic Button е систем за управување со примени дојави генерирани од регистриран корисник преку мобилен телефон при потреба од физичка заштита.

Системот е едноставен и интиутивен, со минимален интерфејс и овозможува лесна манипулација у користење. При генерирана дојава од корисник кој што бара заштита, го информира системот преку идентификација на локацијата на мапа. Системот врши анализа и идентификација на најблиска патрола, селекција и испраќање во најбрз можен временски интервал за интервенција кај корисникот.

Примарна функционалност е што со само еден клик на копчето Panic Button, апликацијата автоматски испраќа координати на секои 5 секунди и креира интензивно алармирање.

Модули на Panic Button системот е:

  • Мобилна апликација за генерирање на дојава и испраќање на ГЕО локација (локација за барана интервенција)
  • Модул за прием на дојави и управување со дојавите, дистрибуција на налози кон патроли и администрирање на систем.
  • Мобилна апликација за прием на налози (патрола). Достапен за употреба на уреди со повеќе платформи (Windows, Android, iOS).
  • Кориснички портал за регистрирање во систем и управување со лични податоци

Корисничката апликација е достапна за мобилни уреди кои што задолжително треба да имаат вграден GPS и овозможен мобилен интернет.

ULTIMA® Distribution Mobile

ULTIMA® Distribution Mobile е моќна алатка која што овозможува целосна мобилност во работењето, а е наменета за продажни активности на продажни/комерцијални тимови на компанијата кои што работат на терен.

Апликацијата комуницира во реално време со сервер за синхронизација на податоци (превземање и испраќање), преку мобилен интернет (3G, 4G).

ULTIMA® Distribution Mobile овозможува: Креирање на документи на терен (нарачка, испратница, фактура и др.), печатење на документи на печатар инсталиран во возило преку бежична комуникација (Bluetooth), поврзување и комуникација со фискален печатар за печатење на фикални сметки при наплата во готово.

 

ULTIMA® Distribution Mobile на комерцијалистите им овозможува пристап до сите информации при посета кај клиент (долгови, претходни продажби и слично), со што максимално се забрзува процесот на продажба и испорка на стока и документи.

Вклучени функционалности:

  • Комуникација во реално време (3G, 4G)
  • Изработка на документи (Фактура, Готовинска Фактура, Испратница, Повратница, Нарачка и др.)
  • Печатење на документи
  • Преглед на отворен и доспен долг
  • Листа на документи
  • Безжична комуникација со печатар и фискална каса
  • Идентификација на GPS локација за креиран документ

ULTIMA® Distribution Mobile е достапна за уреди со Windows Mobile 6.5 или Android оперативни системи. Обезбедува комуникација со централната база на податоци преку мобилен интернет. Овозможена е интеграција и поврзување со сите пакети на ULTIMA ERP – Basic, Standard и Professional.