ULTIMA® ERP Solutions

ULTIMA® ERP

ULTIMA® Core ERP е бизнис-пакет со интегрирани софтверски решенија, дизајнирани да одговорат на потребите на секоја компанија за планирање и управување со своите ресурси.

ULTIMA® ERP интегрираните софтверски решенија овозможуваат целосна контрола на сите ресурси, организација на сектори, детален преглед на сите внатрешни и надворешни процеси. Со комплетниот увид на сите сегменти, компанијата заштедува на време и добива на предност во донесувањето на вистински одлуки, брзо и едноставно.

Софтверските пакети претставуваат спој на модули за различни сегменти во работењето на компанијата: набавка, продажба, дистрибуција, комерцијално работење, книговодство, унапредување на продажба, генерирање и дистрибуција на извештаи.

ULTIMA® Core – е основен пакет наменет за мали и средни компании кој на корисниците им овозможува целосен увид во работењето преку детални финансиски извештаи и анализа на продажбата.  Погоден за дистрибутери на производи за широка потрошувачка, продажба на стоки и услуги. Може да се користи за целите на подажба (на мало, на големо или на терен), набавка, магацинско работење, сервис и слично. Вклучени функционалности:

  • Влезни документи – приеми, повратници, калкулација и др.;
  • Излезни документи – фактури, испратници, доставници, налог и др.;
  • Неограничен број на складишта;
  • Работа со повеќе ценовници;
  • Благајна;
  • Материјални и финансиски извештаи;
  • Сметководство (финансиски менаџмент);
  • Основни средства;
  • Групно копирање документи;
  • Групно фактурирање;
  • Групно печатење документи;
  • Основно производство;
  • Девизна калкулација – царинско работење;

Постојап повеќе достапни дополнителни модули за ULTIMA® Core основниот пакет наменети за средни и големи компании, кои што во своето работење вклучуваат напредни фукционалности и можности.

Модулот за финансов менаџмент овозможува целосено финансово работење и преглди (биланс на успех, биланс на состојба и др.). Document flow предефинираниот тек на документи ја зголемува ефикасноста во работењето и ги автоматизира обемните процедури за изработка на документи. Достапни дополнителни модули се:

  • Финансиско работење;
  • Малопродажба Middleware за поврзување со малопродажни објекти;
  • HR и пресметка на плата;
  • Мобилно работење Middleware;
  • Наплата;
  • Возен парк
  • Workflow тек на документи;
  • Модул за деловна аналитика BI (business Intelligence);
  • CRM Mobile (Customer Relationship Management);
  • Буџет;

Погоре наведените модули интегрирани со ULTIMA® Core на корисниците ќе им овозможат:

  • Kомплетен преглед на материјалното и финансиското работење во компанијата;
  • Kонтрола на сите влезни и излезни процеси;
  • Пристап до широка база на податоци;
  • Напредна аналитика на пазарите и потрошувачите;
  • Стандардизација по финансиски правилници;
  • Компатибилност со различни ISO стандарди;

ULTIMA® Core како и дополнителните модули работат во Windows околина кај корисникот или во Cloud систем (виртуелен сервер, со пристап преку интернет).