Spinaker

Spinaker e софтвер кој предизвикува револуција во функционирањето на малопродажните објекти, од големи трговски ланци, до маалски дуќани. Spinaker софтверот е целосно развиен во соработка и имплементирање на барањата од корисниците, како и со употреба на најновите трендови и техники за развој на кориснички софтвер, а се одликува со брзина, ефикасност и леснотија при работата. За очекување е корисниците на фискални уреди во малопродажните објекти да го дополнат своето секојдневно работење со инсталација на Spinaker софтверот, бидејќи со него се намалува времето кое што корисникот го поминува во пополнување на документите кои се задолжителни за водење на дневното работење во малопродажните објекти. Од досегашните првични искуства, корисниците велат дека во Spinaker го добиле вистинскиот софтвер и доверливиот партнер за работа во малопродажбата.

Сите потребни функции за малопродажно работење

Spinaker, освен основните функционалности – креирање фискална сметка, сторно сметка, вадење на извештаи, обезбедува и пополнување на приемни листови, водење на каса по касиер, автоматски попусти и cash back, нормативи и сетови производи, оперативна забрана и привилегии на корисниците на софтверот, вадење на голем избор на извештаи за менаџерски потреби и автоматизирана контрола на креирање на документи.

Пристап до вашите податоци секогаш и од секаде

Spinaker можете да го дополните со cloud администрација и пристап до вашите податоци секогаш и од секаде преку интернет. Проверете ги вашите дневни приходи, бројот на продадени предмети, залихите, продажба по вработени. Управувајте со вашите приеми, цени, попис далечински во реално време. Бидете сигурни дека сте на врвот на вашите деловни операции.