ULTIMA® ERP Solutions

ULTIMA® ERP

ULTIMA® ERP е бизнис-пакет со интегрирани софтверски решенија, дизајнирани да одговорат на потребите на секоја компанија за планирање и управување со своите ресурси.

Достапен во пакетите Basic, Standard, Professional и Enterprise, ULTIMA® интегрираните софтверски решенија овозможуваат целосна контрола на сите ресурси, организација на сектори, детален преглед на сите внатрешни и надворешни процеси. Со комплетниот увид на сите сегменти, компанијата заштедува на време и добива на предност во донесувањето на вистински одлуки, брзо и едноставно.

 

Софтверските пакети претставуваат спој на модули за различни сегменти во работењето на компанијата: набавка, продажба, дистрибуција, комерцијално работење, книговодство, унапредување на продажба, генерирање и дистрибуција на извештаи.

ULTIMA® Basic – Пакет наменет за мали и средни компании, погоден за дистрибутери на производи за широка потрошувачка, продажба на стоки и услуги. Може да се користи за целите на подажба (на мало, на големо или на терен), набавка, магацинско работење, сервис и слично. Вклучени функционалности:

  • Влезни документи – приеми, повратници
  • Излезни документи – фактури, испратници
  • Неограничен број на складишта
  • Работа со повеќе ценовници
  • Благајна
  • Оперативно сметководство
  • Основни материјални и финансиски извештаи

ULTIMA® Standard – Пакет кој што на компаниите им овозможува целосен увид во работењето преку детални финансиски извештаи и анализа на продажбата. Покрај вклучените основни функционалности од Basic пакетот, ULTIMA® Standard обезбедува зголемена ефикасност и контрола преку дополнителните функционалности, како што се:

  • Сметководство (финансиски менаџмент)
  • Основни средства
  • Групно копирање документи
  • Групно фактурирање
  • Групно печатење документи
  • Аналитика на корисник
  • Основно производство
  • Девизна калкулација – царинско работење
  • Напредни материјални и финансиски извештаи

ULTIMA® Professional – Пакет наменет за средни и големи компании, кои што во своето работење вклучуваат посложени процеси. Предефинираниот тек на документи ја зголемува ефикасноста во работењето и ги автоматизира обемните процедури за изработка на документи. Покрај вклучените функционалности од Standard пакетот, ULTIMA® Professional вклучува:

  • Производство
  • Тек на документи
  • Модул за буџет
  • Модул за набавки
  • Возен парк

 

ULTIMA® Enterprise – e пакет со напредни софтверски решенија дизајнирани за да одговорат на потребите на големи компании со сложени организациски структури, процеси и процедури во работењето. Софтверот овозможува засилена контрола и зголемена ефективност на повеќе нивоа:

  • комплетен преглед на материјалното и финансиското работење во компанијата
  • контрола на сите влезни и излезни процеси
  • пристап до широка база на податоци
  • напредна аналитика на пазарите и потрошувачите
  • стандардизација по финансиски правилници
  • компатибилност со различни ISO стандарди

 

Покрај вклучените функционалности од Professional пакетот, ULTIMA® Enterprise вклучува и:

 

  • Модул за пресметка на плата и управување со човечки ресурси
  • Автоматски известувања (MIS Management Information System)
  • Деловна интелегенција
  • CRM (Customer Relationship Management)

ULTIMA® ERP пакетите работат во Windows околина кај корисникот или во Cloud систем (виртуелен сервер, со пристап преку интернет). Овозможена е комуникација со останатите модули и софтверски пакети, како што се SPINAKER за малопродажни процеси, ULTIMA Distribution Mobile, iULTIMA, Inventory, HR & Payroll, WMS, CRM.