SPINAKER СОФТВЕРОТ НОСИ РЕВОЛУЦИЈА ВО РАБОТЕЊЕТО ВО МАЛОПРОДАЖБАТА
Софтверот е целосно развиен во соработка и имплементирање на барањата од корисниците, како и со употреба на најновите трендови и техники за развој на кориснички софтвер, а се одликува со брзина, ефикасност и леснотија при работата. Промените се единствената константа на современото секојдневие! Оваа дефиниција на модерното време исклучително добро ја практикуваат компаниите од IT секторот, па често знаат да кажат дека за нив денес, всушност е – вчера!
Дуна компјутери повеќе од две децении ги диктира промените и трендовите, ги поместува границите и ги поставува новите стандарди во IT индустријата кај нас, без оглед на тоа дали станува збор за развој на нови софтверски решенија или за лансирање на нови услуги.
Дуна ги редефинира очекувањата за тоа што би можеле да добиете од една IT компанија. Во прилог на ова, одат и најавите за многу нови производи, услуги и проекти за оваа година од “работилницата” на Дуна. Еден од нив е и лансирање на најновиот софтвер за малопродажно работење – Spinaker.
“Дуна Компјутери, во своето 22 годишно постоење, секојдневно се докажува како лидер на македонскиот пазар, не само во застапништво на светски најпознатите и најголемите брендови, туку и како своевиден пионер во презентирање на услуги кои се нудат на корисниците. Сите светски тенденции во ICT технологиите се трудиме најбрзо да ги претставиме на македонските корисници и да им понудиме врвна услуга”, вели Томислав Мамуровски, директор за софтверски решенија во Дуна Компјутери.
Дел од ваквите тенденции е најновиот софтвер за работа во малопродажбата – Spinaker, за кој се вели дека веќе предизвикува револуција во функционирањето на малопродажните објекти, од големи трговски ланци, до маалски дуќани. Spinaker софтверот е целосно развиен во соработка и имплементирање на барањата од корисниците, како и со употреба на најновите трендови и техники за развој на кориснички софтвер, а се одликува со брзина, ефикасност и леснотија при работата. За очекување е корисниците на фискални уреди во малопродажните објекти да го дополнат своето секојдневно работење со инсталација на Spinaker софтверот, бидејќи со него се намалува времето кое што корисникот го поминува во пополнување на документите кои се задолжителни за водење на дневното работење во малопродажните објекти. Од досегашните првични искуства, корисниците велат дека во Spinaker го добиле вистинскиот софтвер и доверливиот партнер за работа во малопродажбата. Spinaker, освен основните функционалности – креирање фискална сметка, сторно сметка, вадење на извештаи, обезбедува и пополнување на приемни листови, водење на каса по касиер, оперативна забрана и привилегии на корисниците на софтверот, вадење на голем избор на извештаи за менаџерски потреби и автоматизирана контрола на креирање на документи. „Идеите кои што ги имаме – стратешки ги развиваме. Сè е со цел секоја следна година да понудиме нешто ново, нешто подобро и нешто поинакво на нашите корисници“, потенцира Мамуровски.
Големите компании кои што оперативно работат со ULTIMA софтверот на Дуна или со некој друг софтвер, можат без проблем да го имплементираат Spinaker и лесно и едноставно да го поврзат за да можат автоматизирано да ги добиваат сите потребни информации и документи од своите малопродажни места.