Обуки за корисници

При инсталација на опремата и/или софтверот, на лица одредени за администрација или користење на истите, им се изведува потребна обука. Доколку корисникот е заинтересиран за посеопфатна обука на повеќе лица, Дуна во договор со корисникот за условите на истата ја изведува во своите простории или во просториите на корисникот.

Apple Regional Training Center

Apple Regional Training Center (RTC) нуди обуки за Mac OS X оперативниот систем и софтверот iLife, а во насока на обезбедување алатки за колаборативно учење и подобрување на вештините на технички образованите студенти и професори. Сите посетители на настава имаат исклучителна можност да работат на Apple хардвер – iMac. Apple Regional Training Center е сместен во конференциската сала во рамките на Клуб на Новинари каде што се одржуваат редовни бесплатни обуки. Обуките ги држат врвни Apple специјалисти, а се отворени и за сите заинтересирани студенти и професори.

.