duna mk
Балфин Група е водечка и најголема групација во Албанија и на Балканот воопшто.
Тие го избраа решението на Дуна, Ultima Records Management (УРМ) како преферирано решение за дигитализација и менаџирање со документи.
Со решението, Балфин Група секојдневно добива подобра, побрза и поефикаснo оперирање со бизнис процесите.
Балфин моментално има 80 активни корисници, кои преку соодветна обука секојдневно го користат URM решението. Корисниците доаѓаат од различни сектори на бизнисот кои се дел од Балфин Групацијата.
Корисниците пристапуваат до ULTIMA Records Management со користење на веб-пребарувач. Пристапот се обезбедува по овластување на корисникот. Сите податоци се шифрирани, преносот на податоците се врши со HTTPS (безбеден) протокол.
ULTIMA Records Management System е софтверско веб базирано решение, составено од неколку интегрирани модули кои овозможуваат лесно внесување документи, проверка и позиционирање на просторот за складирање, како и нивно пребарување, преземање електронска копија или користење на оригиналот.
Основни компоненти на системот се Административниот модул, Document Inbound (Scan), дел за пребарување и преземање на електронска копија, поставување места за складирање оригинални документи (Архивирање), како и користење оригинални документи и нивно уништување.
URM овозможува генерирање извештаи за пребарани документи, преземени од електронска копија и користење на оригинали. Обезбедува увид во користењето на просторот/локациите за складирање на оригинална документација.
Системот нуди напредна контрола на кориснички пристап при пребарување и користење документи.
Можност за пристап само до документи од неговата внатрешна структура, пристап само до одредени видови документи, пристап според дефинираниот степен на тајност за секој документ.
URM е софтверско решение адаптирано согласно функционалностите на Ricoh машините.
Во комбинација Ricoh и URM овозможуваат напредни карактеристики при скенирање на документите.
URM заедно со Ricoh принтерите даваат одличен преглед на секој испечатен и скениран документ со што лесно може да се потврди веродостојноста и точноста на документите.
Преку комбинираното решение на Ricoh и URM може да се извлечат податоци за време на скенирањето за да се активираат специфични процеси и работни текови.
Г-ѓа Итена Ндрочи – Директор на Правна служба во Балфин и нејзиниот тим се секојдневни корисници на URM решението.