Ricoh мултифункционален уред М 320 серија

Сподели

Практичен уред за канцеларии и продажни објекти којшто истовремено печати, скенира и копира, со минимална димензија за поставување на канцелариско биро.

Новите мултифункциски уреди на Ricoh од М320 серијата доаѓаат во А4 црно-бел формат и се пакет од 4 функции  во 1 уред.

M320 се лесни за употреба, продуктивни десктоп уреди, кои нудат јасна и остра црно-белa копија.

За Дуна и Ricoh

Дуна веќе три децении е водечка ИТ компанија присутна во секојдневниот деловен живот, како во Македонија така и на пазарите во Албанија и Србија.

Дуна низ сите овие години ги движи своите клиенти низ бизнисот овозможувајќи им унапредување на своите бизнис процеси, заштеда на трошоците како и имплементација на модерни и современи решенија во своето секојдневно работење.

Повеќе од 20 години Дуна е ексклузивен партнер и увозник на Ricoh машините, компанија која е водечки светски провајдер во областа на управување со документите и печатењето.

За зголемување на продуктивноста во вашето секојдневно работење, Дуна Ви нуди можност да ги одберете најновите модели на печатари од асортиманот на Ricoh со избор на соодветен модел согласно Вашите бизнис потреби. Доколку имате дилема во изборот на соодветен Ricoh уред за вашиот бизнис, нашиот стручен тим Ви стои на располагање.

Принтерите од палетата на Ricoh вклучуваат производи за решенија наменети како за мали канцеларии, така и за големи централизирани производствени средини.

Vodafone Albania е еден од повеќето наши задоволни клиенти каде Дуна Албанија испорача повеќе од 140 уреди од моделот M320 и ја оправда довербата за брз, доверлив и професионален уред за своите канцеларии и продажни салони.

Водечка функционалност во класата:

  • Јасен и чист црно-бел ласерски излез
  • Висока продуктивност од 32 страни во мин.
  • Печатење од било кој уред
  • Ниски работни трошоци

Со силен сет на карактеристики и низок вкупен трошок на сопственост,   овие компактни, прифатливи уреди изведуваат секојдневни задачи со голема брзина, сигурност и разноврсност. Тие испорачуваат јасни, двострани, црно-бели излезни резултати на продуктивни 34 страници во минута за поддршка на потребите на една мала или средна бизнис канцеларија. Стандардните Ethernet и USB приклучок како и опционалниот Wi-Fi интерфејс, ги прават овие продуктивни десктоп принтери да бидат споделени од страна на повеќекратни корисници со леснотија.

  • Печатење, копирање, скенирање или факс опција  за 4-во-1
  • Панел со екран на допир во боја од 4,3 инчи
  • Капацитет од 35-листа со внесувач на документи со автоматско свртување

Buy now
Добијте најповолна понуда
Добијте најповолна понуда
Побарај сервис
Побарај сервис
Побарајте презентација!
Добијте најповолна понуда