Решение на менаџирање и управување со документи

Услугите за управување со документи или Managed Document Services (MDS) се однесуваат на советување и понуда на решение за оптимизација и следење на животниот век на секој документ, од моментот на неговото создавање па сѐ до неговото уништување, при што се забележува контрола и намалување на тclass=”custom-counter”рошоците, зголемување на продуктивноста, намалување на негативното влијание во околината, а со документите се постапува сигурно и внимателно.

MDS (1)

Имајќи го предвид фактот дека за секој денар потрошен за креирање на еден документ, се трошат 10 денари за управување на процесот на креирање и дека во просек 15% од годишниот трошок на една компанија се користи за креирање, управување и чување на документи, MDS се наметнува како потреба и може да претставува компетитивна предност пред другите.

Нашиот процес опфаќа:

  1. Анализа
  2. Предлог решение
  3. Оптимизација на животниот век на производот преку:
  1. Создавање на документи
  2. Управување со печатење и умножување
  3. Дигитална и физичка архива*
  4. Управување со физичка архива и уништување на документи

Побарајте консултации со специјалистите на Дуна.

* Повеќе: ULTIMA Records Management.