Профил

Дуна е водечка македонска IT компанија која што обезбедува целосни решенија за интеграција и одржување во компаниите, мобилни решенија и услуги за управување со документи. Во своето 20 годишно работење, Дуна се разви во експерт за корпоративни проекти и е позната по своите софтверски решенија.

Дуна е ексклузивен увозник на светски познатите брендови – Apple, RICOH, Motorola, iBoard, Brahler, Tentnology; дистрибутер за Garmin; Adobe и Corel партнер; производител на фискални каси; и на ERP, CRM, Business Intelligence и Records Management софтверот ULTIMA®.

Основните активности на Дуна од основањето до денес, се оформуваа и приспособуваа според барањата и потребите на корисниците, а се со цел да се создаде еден заокружен систем кој континуирано се надоградува. Полето на делување на Дуна опфаќа: компјутерски инженеринг, развој на апликативен и специјализиран софтвер, развој на системи за автоматска идентификација и прибирање на податоци, продажба на компјутерски системи и компоненти, проектирање, изведба и одржување на компјутерски мрежи, дистрибуција на печатари, мултифункционални уреди, фотокопири, телефакси, продажба на навигациони уреди, обука, инсталација, сервисирање и поддршка на сите производи, производство, дистрибуција и одржување на фискална апаратура, изнајмување и дистрибуција на конференциски системи и системи за симултан превод.

Дуна има продажен салон за Apple во Скопје, сместен во Градскиот Трговски Центар. Седиштето на компанијата се наоѓа на бул. 8-ми септември бр.18, на простор од 440m2, со посебен магацински простор од 200м2.

Дуна во 2009 година го отвори Apple Regional Training Centar, прв центар за бесплатни обуки за Apple на Балканот.

Дуна е членка на следните асоцијации и комори:

  • Стопанска комора на Македонија
  • Сојуз на стопански комори

КОРПОРАТИВНА БРОШУРА ПОГЛЕДНИ

.