ЛЕД Панели

Нашите ЛЕД панели, произведени со SMD 3535 технологија и растојание од лед точка до точка од 5.25mm Pixel Pitch се соодветни и за внатрешна и надворешна употреба. Издржливи на температури од -30 до +60 со континуирано работење над 72 часа, компактни и лесни за монтирање и комбинирање во однос на посакуваната големина на екранот можат да се користат за одржување настани на отворени и затворени простории а погодни се и за поставување во продажни центри како рекламни банери.

Кабинетите се со големина од 500x500mm со резолуција од 95×95 точки, направени се од алуминиумски рамки и тежат 8.5kg. Oдлично може да се гледа од 5 до 50 метри далечина и до 140 степени хоризонтално и вертикално во однос на поставениот панел. Имаат многу мало светлосно зрачење, заштитени се од пречки на видео трасата и имаат висока провидност што е многу погодно при нестабилни временски услови и силен ветер.