Историја

Movie
Во 1994 година Александар Пајковски и Коце Петров го основаа претпријатието и веќе деветнаесет години работат на реализација на заедничката визија – да изградат успешна IT компанија, која со своите решенија ќе може да се натпреварува со компаниите од развиените земји. Деветнаесет годишната историја на Дуна е историја на воведување на нови технологии на македонскиот пазар.
Развој на целосно интегрирани решенија за автоматска идентификација и прибирање податоци (AIDC). Дуна се уште е единствен провајдер на AIDC решенија на македонскиот пазар.1994 Година
Picture
Отворање на првото интернет-кафе на Балканот. Свесни за иднината на Интернетот, им овозможуваат на своите корисници да осознаат цел еден нов свет.1995 Година
Movie
Инсталирање на првата дигитална печатница во Македонија во Државниот завод за статистика, со поддршка и обука обезбедена од Дуна. Отпечатени се 700 000 избирачки легитимации и избирачки списоци за многу кус временски период и се пробиваат со дигиталните мултифункциски апарати на местото на „големите принтери“.
1997 Година
Movie
Потпишан договор со ЕВН/ЕСМ за Utility Meter reading решение и негово интегрирање во постојниот систем на 17 локални подружници.
1997 Година
Movie

Позитивно е оценет и одобрен проектот за одбележување на домашни животни со радиофреквентна идентификација (RFID), што се извршува во соработка со Институтот за сточарство при Земјоделскиот факултет во Скопје, кој требаше да биде применет како национална програма за превенција од шап и лигавка.

1998 Година

Movie
Спроведен и успешно тестиран пилот-проект за попис на населението и домаќинствата, во соработка со Државниот завод за статистика.
2000 Година
Movie

Инсталирање на систем за симултан превод и конференциска опрема во Собранието на Р. Македонија.
Дуна станува овластен производител на фискални уреди во Македонија за моделите Викинг и Самба.

2002 Година

Movie
Сертификација по ISO 14001: 1996 стандардот, со што стана првата ИТ компанија во Македонија со Сертификат за управување со животната средина.
2004 Година
Movie
Дуна станува овластен производител на фискални уреди во Македонија за моделите Браво и Браво-С.
2005 Година
Movie
Со потпишувањето на дистрибутерскиот договор, го понуди на нашиот пазар светскиот бренд Apple, на задоволство на голем број вљубеници во врвниот квалитет, модерниот дизајн и ненадминливите перформанси. Отворен е првиот продажен салон Apple Premium Reseller во Градскиот Трговски Центар, според пропишаните Apple стандарди, кои се идентични во целиот свет.
2006 Година
Movie

Во ЈП Водовод и канализација успешно е имплементиран интегрираниот информациски систем Ultima Enterprise, комплетно решение на развојниот тим на Дуна, кое го покрива целокупното работење на претпријатието.

2007 Година

Movie
Започна со дистрибуција на Garmin, лидер во производството на GPS навигациони комуникации и сонарни производи.
Дуна стана генерален увозник за интерактивни табли Clasus за Македонија и Косово.
2008 Година
Movie
Започна со дистрибуција на Garmin, лидер во производството на GPS навигациони комуникации и сонарни производи.
Дуна стана генерален увозник за интерактивни табли Clasus за Македонија и Косово.
2008 Година
Movie

Отворен е нов продажен салон за Apple во трговскиот центар Рамстор. Истата година е отворен првиот Apple регионален тренинг центар на Балканот. Во Apple RTC се нудат бесплатни обуки за студенти и професори од сите македонски универзитети, а наставата се изведува исклучиво на Apple хардвер.

2009 Година

Movie
Во мај 2010 година Дуна стана ексклузивен увозник на шаторите Tentnology за Македонија и Косово. Во јуни 2010 година Дуна го претстави првото македонско ERP решение, софтверот Ultima во четири основни пакети Distribution, Standard, Professional и Enterprise. Од септември 2010 година, Дуна стана единствен овластен увозник, дистрибутер и сервисен центар за Ricoh во Македонија.
Дуна стана генерален увозник за конференциски системи Digiton за Македонија и Косово.
2010 Година
Movie

Дуна го пресели седиштето на компанијата во нов и модерен деловен простор на бул. Октомвриска Револуција во Скопје.
Дуна Комјутери отвора своја фирма во Тирана, Албанија- Дуна Албанија.

2011 Година

Movie
Дуна започнува со дистрибуција на производите на Overboard и Midland во Македонија.
Во 2012 година, Дуна стана сертифицирана компанија со сертификатот ISO 27001:2005 за управување со безбедност на информации и ISO 20000-1:2011 за управување со сервисни услуги.
Во септември во ГТЦ на приземје е отворена нова продавница за Apple производи Duna iStore.
2012 Година
Movie

Од почеток на 2013 година, Дуна е официјален застапник на Motorola Solutions, вклучувајќи рачни компјутери, баркод скенери, мрежна инфраструктура и други деловни решенија.

2013 Година

Movie

Дуна добива одобренија за производство на фискални уреди во Македонија.
Дуна започнува со производство, продажба и сервисирање на фискалните уреди, Северец, Вардарец и Развигорец.
Дуна одбележува 20 години од своето постоење.

2014 Година

Movie

Дуна отвора своја фирма во соседна Србија, во Белград, Дуна Инт.
Дуна на македонскиот пазар ги носи интерактивните табли iBoard.
Дуна го претставува својот нов производ- софтвер за малопродажно работење, Spinaker.

2015 Година

Movie

Добитник на SME Excellent MACEDONIA, Сертификат за деловно работење издаден од Стопанската комора на РМ под мониторинг на COFACE.
Superbrand за Македонија за 2015/16.

2016 Година

.