Интерактивни табли

Интерактивна табла претставува интерактивна површина која се поврзува со компјутер и проектор.
Преку проекторот се презентира содржината од компјутерот на работната површина на таблата каде што корисниците пишуваат или цртаат со пенкало , прст, или друг уред. Таблата обично се монтира на ѕид или на мобилен држач.

За поголема интерактивност може да се користат дополнителни апликации и уреди.
Интерактивните табли користеќи ја инфраред технологијата како најголема предност поради нејзината робусност, изоставањето на дополнителни сензори и камери ја намулува комплексноста на таблата а со тоа не дава простор на дополнителни дефекти и го зголемува векот на траење. Првите табли кои овозможуваат детекција на допир на прст се идеални за работа во школски услови поради нивната едноставност и користење без никакви дополнителни обуки.

Дополнително со хардверот доаѓа и интуинтивниот софтвер iDoTouch со јазична поддршка и на Македонски кој му дозволува на корисникот да биде креативен и користејки ги понудените алатки да га исцртува, модифицира и презентира самата десктоп површина или било која презентација.

Робусен алуминиумски рам

Атрактивен дизајн, лесен и убав на изглед убаво се вклопува во сите канцелариски простории и училници.

USB Поврзување

Со усб кабелот, таблата добива напојување и истовремено комуницира со компјутерот од кој се врши проекцијата.

Чувствителност на два и повеќе допири во исто време

Чувствителност на два и повеќе допири во исто време.
Едноставниот начин на работа на инфраред технологијата овозможува лесно користење на таблата на двајца корисници истовремено.

Можности за креирање

Прст, пенкало, или било каков покажувач кој не е проѕирен може да се користи за контрола и користење на таблата. Со таблата доаѓа и телескопски покажувач за ракување од поголема дистанца.

IB-XXX Карактеристика Опис
88″WR Физичка големина 1760 x 1280 mm
Активна површина 1627 x 1147 mm (однос на сликата 4:3 )
96″WR Физичка големина 2089 x 1280 mm
Активна површина 1956 x 1147 mm (однос на сликата 16:9, 16:10)
108″WR Физичка големина 2415 x 1437 mm
Активна површина 2282 x 1304 mm (однос на сликата 16:9, 16:10)