Новости

garmin forerunner 735 xt running watch часовник за трчање тренирање триатлон casovnik za trcanje

Garmin Forerunner 735XT

GPS часовник за трчање со мулти-спорт функции и мерач на пулс

  • Го мери пулсот преку Вашиот зглоб, за да трчате слободно на трката
  • Мери напредна динамика на трчање, велосипедизам и пливање, вклучувајќи баланс на време на контакт со површината, должина на чекор, вертикален сооднос и повеќе
  • Нуди VO2max естимација, праг на лактирање, предвидувач на тркачко време и советник за закрепнување
  • Опции за поврзување: паметни нотификации, автоматски прикачувања на Garmin Connect, следење во живо..
  • Прилагодете го лицето на часовникот по Ваша желба, доставете апликации и останати опции преку Garmin IQ

 

Правите се, сега и Вашиот часовник го може тоа!

Биди подобар спортист денес, отколку што беше вчера со часовникот на Garmin – Forerunner 735XT. Овој мултифункционален GPS часовник за трчање е наменет за спортисти кои сакаат податоци за време на тренингот и помала тежина за време на трката. Помалото куќиште и лесно прилагодливите ремчиња го прават 735XT идеален часовник за да Ве води и на тренинг и на работа. Поврзаните функции, како што се автоматско поставување на Garmin Connect, бесплатната онлајн фитнес заедница, ќе Ви овозможи да ги споделите Вашите статистики и постигнувања на социјалните медиуми.

 

Трчај, спринтај, пливај, вози велосипед, прави триатлон!

Вашата рутина, не е рутина! Forerunner 735XT Ви овозможува лесно да ги менувате видовите на тренинг благодарение на вградените профили на активности: трчање  (во затворено / на отворено), возење велосипед (во затворено / на отворено), пливање (во базен / отворена вода), крос-кантри скијање, спортови со веслање, пешачење, планинарење и кондициони тренинг програми.

За трки и тренинзи како триатлон, функцијата за автоматски мулти-спорт Ви дозволува да се префрлувате од програма во програма со само едно притискање на копче. 735XT е компатибилен со напредни вежби за трчање, возење велосипед – па дури и пливање. Направете свои сопствени вежби или бесплатно преземете тренинг програми од Garmin Connect. Потоа проверете ги вашите минати успеси или споделете ги со семејството и пријателите за дополнителна мотивација.

Монитор за пулс кој континуирано ги следи Вашите срцеви отчукувања

Forerunner 735XT има вградена технологија (Elevate ™) за следење на срцевите отчукувања. Тоа значи дека отсега ќе можете да трчате послободно, посебно кога брзате до финиш линијата. Повеќе ќе нема потреба да носите HeartRate монитор околу градите за да го следите пулсот и отчукувањата во реално време, а притоа истите ќе бидат прикажани на мерач во повеќе бои.

Истренирајте го своето срце

Срцевите отчукувања снимени од мерачот на рачниот зглоб може да одговараат на Вашите потреби на денот на трката, но кога станува збор за тренинг и закрепнување, можеби ќе сакате повеќе детални податоци. Со Forerunner 735XT, имате повеќе опции. Еве некои од напредните параметри кои ќе ги добиете со додавање на околу-градник монитор кој го снима срцевиот пулс:

  • Движечка динамика, како што е баланс на време на контакт со површината, должината на чекорот, вертикалниот сооднос и многу повеќе
  • Нуди VO2max естимација, праг на лактирање, предвидувач на тркачко време и советник за закрепнување
  • Мерење на пулс под вода, за пливање

 

Зголемете ги очекувањата за секое трчање или возење

Forerunner 735XT е првиот часовник што е компатибилен со Strava Live Segments. Податоците автоматски се синхронизираат со 735XT, а Вие директно ги добивате податоците за време на Вашата активност. Исто така, добивате предупредување за започнување и завршување на сегменти од Вашиот тренинг, листа за најдобро постигнати резултати, а може да видите и како вашиот тековен напор се споредува со вашиот досегашен рекорд. Направете секој тренинг, да биде Ваш личен предизвик со Strava Live Segments.

 

Поврзете се и прилагодете

Паметните известувања, автоматските записи до Garmin Connect и следењето во живо го прават 735XT врвен атлетичарски часовник. Добивајќи ги сите нотификации на Вашиот часовник тренирате, оставајќи го телефонот на страна, ќе ви помогне да не го прекинете тренингот доколку на повикот може да одговорите подоцна. Исто така, Garmin Connect ™ Mobile автоматски ги споделува Вашите тренинзи, така што Вашите пријатели и семејство ќе можат да ги следат Вашите резултати. Бодрењето не мора да биде само покрај патеката. Можете дури и да го костумизирате дисплејот на часовникот, да симнувате апликации и полиња за податоци од Connect IQ за да го направите 735XT часовник само за Вас!

 

LiveTrack – следење во живо

LiveTrack им овозможува на семејството и пријателите да ја следат Вашата локација во реално време додека возите. Толку е лесен за користење, што кога ќе го активирате автоматскиот старт на часовникот, можете повеќе да се посветите на возењето, а помалку на технологијата. LiveTrack автоматски ќе открие кога ќе започнете со тренингот – возењето, што значи дека повеќе ќе нема потреба да посегнувате по телефонот. Автоматскиот почеток е исто така компатибилен со новиот Strava Beacon, кој им овозможува на претплатниците на Strava Summit да ја искористат таа опција. Овозможете си мир и комфорт себеси и на Вашите најблиски додека патувате.

Зачувајте го Вашиот тренинг капитал

Добијте повеќе за вашите истрчани километри во Garmin Connect, нашата бесплатна онлајн заедница каде што можете да заштедите, планирате и споделите активности. Надмини се себеси со постигнување нов личен рекорд – а ние ќе ги проследиме сите Ваши резултати за подоцна да може да го видите Вашиот напредок на едно место. Имајте дигитален увид прилагоден на Вашите статистики и навики, како и нотификации кои ќе Ве потсетат да се придвижите, како и совети за здрави навики. Поврзете се со други корисници и учествувајте во разни предизвици и натпревари. Сето ова може да го имате исто така достапно и на Вашиот мобилен уред.

 

Неколку дополнителни придобивки

Како и вие, Forerunner 735XT е активен во текот на целиот ден. Овој часовник станува Вваш партнер во закрепнување, со целодневно следење на активностите, чекорите, калориите и квалитетот на спиењето. Тоа е исто така компатибилно со нашата линија на уреди за свест за велосипедирање Varia ™, вклучувајќи ги и радарите за заднина, паметните велосипедски светла и визирот на Varia Vision ™.

 

Вашиот карактер изразен преку Вашиот зглоб

Преземете ја бесплатната апликација Garmin Face It ™ за да го персонализирате вашиот уред со било која слика од вашиот телефон. Едноставно преземете ја апликацијата, изберете слика од Вашата галерија, и поставете ја како позадина на Вашиот часовник. Без разлика дали тоа е пејзаж од Вашето последното пешачење – трчање или слика од Вашето ново кутре, со Garmin можете да го персонализирате Вашиот часовник својствено само за Вас.

 

 

 

Related Posts

Employment vrabotuvanje brand ambasador garmin representative duna skopje macedonia
Garmin Brand Ambassador

На Дуна и се допаѓа Garmin, бидејќи Garmin ги произведува производите кои се направени

Горди на овој дел од тимот

Иако, мораме да признаеме, дека во секојдневното работење и при вработување не размислуваме од

Сакате да истрчате полумаратон? Еве како да го направите тоа без да изгорите!

Се повеќе полу-маратонот станува популарна дистанца, а овој тренинг план ќе Ви помогне да

Стилски хибриден часовник со скриен екран на допир и вистински стрелки

Останате поврзани со смарт опциите како што се контрола на музика и нотификации за

Garmin Instinct

Цврст GPS часовник, изграден да ги издржи најтешките услови Создаден по 810G – воени стандарди

Ски и Сноуборд часовници

Garmin часовниците имаат функционалности специјално наменети за активности на снег. Ski-Board функцијата калкулира 3-D брзина

Менаџирање на празничниот стрес со помош на Garmin

Доаѓа сезоната на празници и за многумина покрај украсни сијалички, добра храна и време

Што му е потребно на секој дом

Декорирањето на домот секогаш е многу лично и секој се води по свои правла

Скриените трошоци на традиционалното работење

Модерните организации константно пробуваат да работат поефективно, да намалат трошоци и да ја зголемат

Разговаравме со Златко-Злате Јанакиевски

Златко-Злате Јанакиевски е  долгогодишен кондиционен тренер на најголемите имиња во македонскиот спорт. Пред 30

Во потрага сме по нови членови на екипажот

ДУНА е компанија која веќе трета деценија успешно ги пресретнува потребите на бизнисите и на

БИЗНИС НИВО НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Се  имате ли предадено на рутина и секојдневие? Иста комуникација со колегите? Ве следи

Нов месец, нови цени. И старите ДОООБРИ производи

На почетокот на вториот месец во годината Ви препорачуваме: НАЈДЕТЕ ВРЕМЕ САМО ЗА СЕБЕ.

Home HD Camera with air quality sensors

Monitor Home камерата е незаменлива кога станува збор за безбедноста на децата во домот.

Aura – Smart Sleep System

Спиењето е важно! Duna Concept Store нуди цел систем кој ќе Ви овозможи здрав сон: Aura

Garmin Index™ Smart Scale

Се грижиме за себе паметно! Вашите резултати се видливи во детали само преку оваа паметна

Smart Kids Scale

Smart Kids Scale вагата производ достапен во Duna Concept Store за кој ќе е

Wemo baby

Фамилијарен уред неверојатно лесен и едноставен за користење. Преку iPhone и вашата домашна Wi-Fi мрежа

НЕДЕЛА НА ЗДРАВИ НАВИКИ ВО DUNA CONCEPT STORE

Паметен јонизатор: Blue Air Sense + Дозволете си чист воздух и постојана свежина во најудобното

Новогодишни радости

Во Duna Concept Store се е подготвено за насмевки и новогодишни подароци. Веќе 50

GARMIN fēnix® 3 Sapphire

Часовникот во кој се сооединуваат најдобриот перформанс и совршениот стил. Трчај, пливај, спортувај, уживај во

iPhone X

Добродојдовте во иднината! Телефонот кој означи  почеток на нова ера на паметните телефони и ги

Macbook Air

Сега секој може да ужива во совршениот минималистички дизајн и неодолива моќност на Macbook

СУПЕР ПОНУДА

ДУНА ДОО e една од најпрепознатливите компании во доменот на производството, продажбата и одржувањето

НЕ СИ КРШИ ФИЛМ, ОСИГУРАНО Е!

Вашите омилени уреди, осигурани каско. ДУНА Ви ги соопштува добрите вести: Конечно може да уживате

Новиот ЛЕД екран на ДУНА – единствен во регионот

ДУНА го има ледот кој ќе ги исполни сите Ваши визуелни замисли. Димензија до

DUNA CONCEPT STORE: УРБАНО МЕСТО КАДЕ ШТО СЕКОЈ ЌЕ ПРОНАЈДЕ НЕШТО ЗА СЕБЕ

Во срцето на Скопје, во Градскиот Трговски Центар, на старата локација, но во една

Обука за Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси

Менаџерските вештини за управување со човечки ресурси се од една страна есенцијален дел  на

ДУНА – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

По повод значајниот јубилеј – 95 години постоење, на традиционален настан беа доделени Наградите

Фестивал на Младо Вино

Винарија Тиквеш посветено го одржува Фестивалот на Младо Вино, кој што ја одбележува повеќе

Новиот Apple MacBook: Иднината на преносните компјутери.

Со новиот MacBook, Apple успеа да го направи невозможното – да го создаде најлесниот

12th FM World Anniversary powered by DUNA Events

    Не само што организиравме неверојатен Интернационален тренинг за лидерите на FM World

Дуна верува во своите вработени.

Во насока на мотивација на својот човечки потенцијал и унапредување на вештините на

Вработуваме програмери

Станете дел од најенергичниот и најпросперитертниот тим во Дуна! Трансферот на знаење, работната етика и

GARMIN Fitness: РАЗВИВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

Garmin објави партнерство со едни од најпознатите светски дизајнери, а новата колекција на фитнес

Промоција на сала ХИПО

Изнајмување на ден: 3100,00 ден. + ДДВ Салата има одлична вентилација и студиско осветлување и

Нов софтвер на ДУНА, изработен во соработка со меѓународни експерти

СО ULTIMA WIN – ПОГОЛЕМИ ПРИНОСИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, СО НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ По повеќе од двегодишен

Дуна по втор пат е избрана за СУПЕРБРЕНД на Македонија

Драги наши корисници и клиенти, Ви благодариме за довербата и соработката со Дуна изминатата година

ДУНА Весник мај 2016

Почитувани пријатели, Чест ни е и задоволство што можеме да ви го претставиме најновиот број

SME Excellent MACEDONIA

SME Excellent MACEDONIA Сертификат за деловно работење Стопанската комора на Македонија го издава сертификатот во

Новиот Apple MacBook: Иднината на преносните компјутери

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД САМО ЕДЕН НОВ ЛАПТОП Со новиот MacBook, Apple успеа да го направи

ДУНА на FMCG SUMMIT 2016

На вториот по ред FMCG Summit кој што се одржа на 13.05.2016 година во

Интерактивен систем iBoard НОВИТЕ СТАНДАРДИ ВРЗ БАЗА НА IR ТЕХНОЛОГИЈА И НЕАКТИВНА ПОВРШИНА

Интерактивните системи сè повеќе имаат примена во наставната програма во училиштата и во предучилишните

GARMIN Fitness: РАЗВИВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

Garmin објави партнерство со едни од најпознатите светски дизајнери, а новата колекција на фитнес часовници и

Дуна ги претстави револуционерните мултифункциски печатари со Smart Operation Panel

ПАМЕТНИОТ ЕКРАН НА ДОПИР ЈА ПОЕДНОСТАВУВА РАБОТАТА Претставувајќи ги нашите најнови производи од палетата на Ricoh мултифункционалните

КОМПАНИИТЕ ГО ЗАСИЛУВААТ СВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ, КОНКУРЕНТНОСТ И ЕФИКАСНОСТ СО УЛТИМА

ПОДДРШКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ  За постигнување поголема конкурентност потребни

Другите за нас: Објавено во Магазинот на Бизнис центарот Airport city, Belgrade ДУНА НА СРПСКИОТ ПАЗАР И КАКО ОВЛАСТЕН ДИСТИБУТЕР НА RICOH

Од пред неколку години, Дуна ја прошири својата работа во регионот на Југоисточна европа, а

ДУНА и RICOH на FESPA DIGITAL, Amsterdam 2016

Во првата половина на март годинава, во Амстердам се одржа ФЕСПА ДИГИТАЛ 2016 најголемиот саем

SPINAKER СОФТВЕРОТ НОСИ РЕВОЛУЦИЈА ВО РАБОТЕЊЕТО ВО МАЛОПРОДАЖБАТА

Софтверот е целосно развиен во соработка и имплементирање на барањата од корисниците, како и со

ДУНА ГО ПРЕТСТАВИ ИНТЕЛИГЕНТНИОТ ДОМ ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО

Smart House Intelligence системот се базира врз неинвазивен процес на инсталација, кој што ја

Промотивна цена на Spinaker

Почитувани корисници, поради голем интерес од страна на корисниците Дуна Компјутери во месец февруари Ви

Превентивно одржување за фискални уреди

На секои 12 месеци треба да се обновува врската на фискалниот уред со серверот

Apple претстави нови производи

Вчера Apple претстави нова линија на лаптопи MacBook, ги надгради MacBook Air и MacBook

Бесплатни обуки за ULTIMA POS

Сите корисници на софтверот за малопродажба ULTIMA POS можат да проследат бесплатна обука која