Екологија

Дуна е прва македонска IT компанија која е сертифицирана со ISO 14001 стандарди и која активно работи на полето на заштита и зачувување на околината.

Дуна нуди советување за своите корисници:

  • оптимизирани решенија во бизнисите кои ќе овозможат одржливост и намалување на негативното влијание на животната околина
  • намалување на емисијата на CO2, потрошувачката на енергија и електронскиот отпад
  • рециклирање на користени уреди и потрошни материјали

Нашите производи задоволуваат RoHS стандарди, погодни се за рециклирање, имаат голема енергетска ефикасност, односно штедат енергија.

Што треба да знаете?

WEEE (Waste Electrical and Electronic Equipment) директива на Европска Унија означува промовирање на рециклирањето, намалување на отпадот и стимулирање на развој на производи кои не се штетни за околината.

RoHS (Restriction of Use of Hazardous Substances) директива на Европска Унија се стреми да забрани одредени опасни материи кои се употребуваат во електронските и електрични уреди. Овие материи се штетни за здравјето на луѓето и ја загадуваат околината. Повеќето уреди денес се RoHS compliant, односно ги исполнуваат овие стандарди, како на пример iPod, HP компјутери, OKI печатари.

Програма “Зелена канцеларија”

Бесплатни консултации од специјалистите на Дуна  – како да се оптимизираат работните процеси, да се намали емисијата на CO2, потрошувачката на енергија, хартија и потрошни материјали и како правилно и совесно да рециклирате.

Преку правилно дефинирање на потребите на купувачите и внимателно планирање на IT инфраструктурата, обезбедуваме производи и решенија кои ќе обезбедат долгорочна одржливост. Во однос на користење на решенија за управување со документи, најголема корист е намалување на употреба на хартија, преку двострано печатење, печатење на хартија со помал формат, опција скенирање и праќање на email, добивање на факс на email, при што се избегнува употреба на хартија. Дуна воедно ги охрабрува своите корисници да ја рециклираат употребената хартија или пак повторно да ја користат отпечатената хартија од другата страна.

Со цел да се намали употребата на енергија, Дуна обезбедува производи со голема енергетска ефикасност, кои исполнуваат стандарди Energy Star, EPEAT, производи кои можат рачно или пак автоматски да управуваат со користењето на енергија.

.