ДУНА ИНОВАТИВЕН ХАБ

Информациите, комуникацијата и технологиите играат многу важна улога во социјалната, економската и политичката средина во денешно време. Инвестирањето и поддршката на ИКТ секторот во инкубација и организација за забрзување на потенцијалот на малите и средни бизниси обезбедува размена на глобални информации, комуникација и технологија со цел развој на иновативни идеи за дизајн и развој на конкурентни производи и услуги. Преку намалување на бариерите и зголемување на достапноста за инкубација и забрзување целиме да ги поддржиме, поттикнеме и да создадеме одржлив развој на националните, континенталните и глобални екосистеми.

Дуна воспоставува тест платформа и развива демонстративен центар за понатамошен развој на методологии и решенија за микро-еколошки мониторинг и контрола. Овој потенцијал ќе биде искористен и за евалуација и интеракција со нови методологии и технологии, како и за демонстрација и стандардизација.

ДУНА ИНОВАТИВЕН ХАБ претставува отворен простор (виртуелен и физички) за понатамошен развој на софтверските платформи- ULTIMA®. Се користи од страна на засегнатите страни во заедницата, корисниците-техничари, истражувачи-менаџери кои ќе бидат во можност да ги инсталираат решенијата во нови апликативни полиња и да реализираат дополнителни анализи за надминување на јазот за иден развој. Тоа ќе биде од особена помош за утврдување на понатамошното прифаќање на ULTIMA® решенијата од страна на корисниците. Виртуелниот центар ќе биде во постојан тек со новите случувања и интеграција на ULTIMA® како и сите нови и иновативни платформи кои ќе го збогатат портфолиото на софтверски палтформи на Дуна.

HUB 5