Duna Events: Европскиот самит на Слободни зони
Duna Events беа одговорни за организација на Европскиот самит на Слободни зони, кој беше организиран за прв пак кај нас, во соработка со Светската Организација на Слободни Зони и со подршка од Владата.
Самитот ги обединува регионалните министри со високите претставници од слободните зони во светот, со цел да создаде платформа за споделување на најдобрите практики, промовирање на соработка, изнаоѓање на решенија за заедничките предизвици и стимулирање на напредокот за иднината на слободните зони.
Duna Events освен целосна техничка подршка на настанот, беа одговорни и за целокупната логистика. Дуна се погрижи за посредување за потребните визи за над 350 поканети интернационални гости и организирање на нивниот прием и престој во Скопје. Со адаптирање на веб-страната овозможи онлајн систем за регистрација и пријавување на настанот. Светски настани од овој карактер мораат да бидат беспрекорно преведени и затоа нашите преведувачи имаа најсовремени услови и опрема.
Duna Events се грижи и за каков впечаток ќе остави секој настан, па затоа се погрижија за неговата декорација, како и сите печатени материјали. Посетителите го добија посакуваниот сувенир – доброто македонско вино.
Овој настан нема да остане само во сеќавање, бидејќи се погриживме да изготвиме професионално видео кое покажува дека Македонија заслужува да биде дел од Светската Организација на Слободни Зони.