ДУНА – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

По повод значајниот јубилеј – 95 години постоење, на традиционален настан беа доделени Наградите на Стопанската Комора на Македонија на неколку компании кои што се издвојуваат како најуспешни деловни субјекти во државата. Меѓу нив, беше и нашата Дуна.

Големиот настан поврзан со јубилејот на Стопанската Комора на Македонија, се одржа на 17 февруари, во Скопје, во присуство на комлетната домашна бизнис елита, придружувана од дел од влијателните домашни и меѓународни економски и политички авторитети.