Новости

DUNA CONCEPT STORE: УРБАНО МЕСТО КАДЕ ШТО СЕКОЈ ЌЕ ПРОНАЈДЕ НЕШТО ЗА СЕБЕ

Во срцето на Скопје, во Градскиот Трговски Центар, на старата локација, но во една поинаква форма и со поразлична содржина, имаме задоволство да ви го претставиме новиот Duna Concept Store. Концепт на продавница која возбудува; која ги размазува сетилата на сладокусците по технологија; која овозможува прошетка низ врвните достигнувања на IT индустријата; која ги носи на дланка производите и услугите на ДУНА и нејзините партнери…

Следејќи ги глобалните трендови, продажниот салон го конципиравме да ги надрасне рамките на традиционалното и да порасне во еден современ, но, воедно, пријатен и забавен простор со урбан дух, каде што, бездруго, секој намерник ќе пронајде нешто за себе. Станува збор за концепт на мултибренд продажен простор, каде што покрај нашите долгогодишни пријатели од највредниот светски бренд – Apple, ги позиционираме производите и услугите на многу други глобални брендови со кои соработуваме, како што се Garmin, Ricoh, Bang and Olufsen, а удобно ги сместивме и нашите партнери – Technogym, Illy, Lux, Specialized и останати, што на целиот простор му даваат поинаква IT и урбана хедонистичка димензија.

Разновидноста на понудата и супериорниот квалитет на производите, како и уникатниот визуелен и продажен концепт, Duna Concept Store го прават единствен од ваков карактер не само во нашата земја, туку и на Балканот, кога се зборува за салони кои што на пазарот на продажба нудат интелигентна технологија и технолошки услуги.

За да ви помогнеме полесно да го пронајдете тоа што ви треба, Duna Concept Store го поделивме во шест засебни, но интегрирани модули, во зависност од интересите и потребите. Односно, како што ние сакаме сликовито да објасниме – во шест соби.

Во Apple собата, на располагање е широкото портфолио на овој планетарен бренд. Ова е делот што несомнено претставува вистинско задоволство за сите посветени на светот на Apple, кој што од гаражата на Стив Џобс, прерасна во своевидна глобална култура на современото живеење. Ние, како и во сите овие изминати единаесет години партнерство со брендот, посветени сме постојано да ве држиме во тек со новините и производите на Apple, со константни промоции и конкурентни цени на пазарот.

Во втората соба, на Шанкот во Duna Concept Store ќе ве пречека мирисот на најквалитетното кафе излезно од машините на Illy, сетилна дразба која што сигурно ќе ве натера да посакате да го имате во својот дом и секое утро да ви започнува со совршено еспресо од глобално познатата трговска марка. Во овој дел, на Касата, се позиционирани нашите добро познати фискални уреди Северец, Вардарец, Развигорец и Стрмец, а преку демонстрација и во реално време, пред вас работат софтверските пакети излезени од производството на развојниот тим на Дуна.

Следна е Аудио собата и во неа ќе уживаат љубителите на добриот и софистициран звук. Тука ќе ги најдете глобалните марки, како што се Sennheiser, Beats и Bang and Olufsen. Освен интензивниот квалитет на понудата, секое парче во овој дел е и своевидна скулптура и украс во просторот.

Дневната соба, практично, е излог на производи кои секој ќе посака да ги има во својот дом. Дизајнот на конфорниот мебел е надополнет со супериорна технологија, која овозможува максимално опуштање, со минимум напор, она што, во суштина, и треба да се почувствува во домашната атмосфера. Премиум гарнитурите за седење, светлата, како и паметните уреди за контрола на апаратите и другите функции во домаќинство – како што се осветлувањето, греењето и ладењето и слично, потоа ТВ приемниците и премиум аудио опремата, се одличен мизансцен за целосно ужување.

Собата наречена Канцеларија, е дел во кој што се наоѓа опрема која во голема мерка ќе ја збогати продуктивноста и професионалноста на сите оние кои би работеле во неа. Тука можете да го тестирате во прво лице софтверот за малопродажба – Спинакер, како и софтверот за компании (ERP) – Ултима. Потоа, на дофат ви се ставени моно и колор мултифункциските печатари; системи за управување со уредите за печатење, копирање и скенирање; дигитална архива; професионални скенери; интерактивните табли и проектори… И сето тоа во удобноста за време на работниот ден, демонстрирана преку премиум ергономските канцелариски фoтелји.

Во последниот дел од Duna Concept Store, во собата за Спорт најмногу ќе ги заинтригира љубителите на спортот, рекреацијата и здравиот живот. Тука, со помош на нашиот партнер Techogym, на располагање се ставени ненадминливите решенија на брендот за одржување на физичко здравје и кондиција, преку лентата за трчање, како и супериорната мултифункциска справа за вежбање. Доколку преферирате спортување на отворено, тука за вас е премиум велосипедот – Specialized. Кога сето ова ќе се искомбинира со најдобриот спортски часовник Fenix 3 Saffire HR или, пак, паметните часовници за целодневно следење на вашите спортски и дневни активности – Garmin Vivo Active и Garmin Vivo Smart, позитивните резултати се неизбежни.

Затоа, почитувани пријатели, со нетрпение ве очекуваме во Duna Concept Store, без оглед на тоа дали сте во потрага по домашни или канцелариски решенија кои што ќе ви го направат животот полесен. А, ние знаеме дека доколку еднаш нè посетите, нашиот салон ќе биде место каде што често ќе се враќате.

Related Posts

Што му е потребно на секој дом

Декорирањето на домот секогаш е многу лично и секој се води по свои правла

Скриените трошоци на традиционалното работење

Модерните организации константно пробуваат да работат поефективно, да намалат трошоци и да ја зголемат

Разговаравме со Златко-Злате Јанакиевски

Златко-Злате Јанакиевски е  долгогодишен кондиционен тренер на најголемите имиња во македонскиот спорт. Пред 30

Во потрага сме по нови членови на екипажот

ДУНА е компанија која веќе трета деценија успешно ги пресретнува потребите на бизнисите и на

БИЗНИС НИВО НА СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Се  имате ли предадено на рутина и секојдневие? Иста комуникација со колегите? Ве следи

Нов месец, нови цени. И старите ДОООБРИ производи

На почетокот на вториот месец во годината Ви препорачуваме: НАЈДЕТЕ ВРЕМЕ САМО ЗА СЕБЕ.

Home HD Camera with air quality sensors

Monitor Home камерата е незаменлива кога станува збор за безбедноста на децата во домот.

Aura – Smart Sleep System

Спиењето е важно! Duna Concept Store нуди цел систем кој ќе Ви овозможи здрав сон: Aura

Garmin Index™ Smart Scale

Се грижиме за себе паметно! Вашите резултати се видливи во детали само преку оваа паметна

Smart Kids Scale

Smart Kids Scale вагата производ достапен во Duna Concept Store за кој ќе е

Wemo baby

Фамилијарен уред неверојатно лесен и едноставен за користење. Преку iPhone и вашата домашна Wi-Fi мрежа

НЕДЕЛА НА ЗДРАВИ НАВИКИ ВО DUNA CONCEPT STORE

Паметен јонизатор: Blue Air Sense + Дозволете си чист воздух и постојана свежина во најудобното

Новогодишни радости

Во Duna Concept Store се е подготвено за насмевки и новогодишни подароци. Веќе 50

GARMIN fēnix® 3 Sapphire

Часовникот во кој се сооединуваат најдобриот перформанс и совршениот стил. Трчај, пливај, спортувај, уживај во

iPhone X

Добродојдовте во иднината! Телефонот кој означи  почеток на нова ера на паметните телефони и ги

Macbook Air

Сега секој може да ужива во совршениот минималистички дизајн и неодолива моќност на Macbook

СУПЕР ПОНУДА

ДУНА ДОО e една од најпрепознатливите компании во доменот на производството, продажбата и одржувањето

НЕ СИ КРШИ ФИЛМ, ОСИГУРАНО Е!

Вашите омилени уреди, осигурани каско. ДУНА Ви ги соопштува добрите вести: Конечно може да уживате

Новиот ЛЕД екран на ДУНА – единствен во регионот

ДУНА го има ледот кој ќе ги исполни сите Ваши визуелни замисли. Димензија до

Обука за Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси

Менаџерските вештини за управување со човечки ресурси се од една страна есенцијален дел  на

ДУНА – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

По повод значајниот јубилеј – 95 години постоење, на традиционален настан беа доделени Наградите

Фестивал на Младо Вино

Винарија Тиквеш посветено го одржува Фестивалот на Младо Вино, кој што ја одбележува повеќе

Новиот Apple MacBook: Иднината на преносните компјутери.

Со новиот MacBook, Apple успеа да го направи невозможното – да го создаде најлесниот

12th FM World Anniversary powered by DUNA Events

    Не само што организиравме неверојатен Интернационален тренинг за лидерите на FM World

Дуна верува во своите вработени.

Во насока на мотивација на својот човечки потенцијал и унапредување на вештините на

Вработуваме програмери

Станете дел од најенергичниот и најпросперитертниот тим во Дуна! Трансферот на знаење, работната етика и

GARMIN Fitness: РАЗВИВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

Garmin објави партнерство со едни од најпознатите светски дизајнери, а новата колекција на фитнес

Промоција на сала ХИПО

Изнајмување на ден: 3100,00 ден. + ДДВ Салата има одлична вентилација и студиско осветлување и

Нов софтвер на ДУНА, изработен во соработка со меѓународни експерти

СО ULTIMA WIN – ПОГОЛЕМИ ПРИНОСИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, СО НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ По повеќе од двегодишен

Дуна по втор пат е избрана за СУПЕРБРЕНД на Македонија

Драги наши корисници и клиенти, Ви благодариме за довербата и соработката со Дуна изминатата година

ДУНА Весник мај 2016

Почитувани пријатели, Чест ни е и задоволство што можеме да ви го претставиме најновиот број

SME Excellent MACEDONIA

SME Excellent MACEDONIA Сертификат за деловно работење Стопанската комора на Македонија го издава сертификатот во

Новиот Apple MacBook: Иднината на преносните компјутери

МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД САМО ЕДЕН НОВ ЛАПТОП Со новиот MacBook, Apple успеа да го направи

ДУНА на FMCG SUMMIT 2016

На вториот по ред FMCG Summit кој што се одржа на 13.05.2016 година во

Интерактивен систем iBoard НОВИТЕ СТАНДАРДИ ВРЗ БАЗА НА IR ТЕХНОЛОГИЈА И НЕАКТИВНА ПОВРШИНА

Интерактивните системи сè повеќе имаат примена во наставната програма во училиштата и во предучилишните

GARMIN Fitness: РАЗВИВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

Garmin објави партнерство со едни од најпознатите светски дизајнери, а новата колекција на фитнес часовници и

Дуна ги претстави револуционерните мултифункциски печатари со Smart Operation Panel

ПАМЕТНИОТ ЕКРАН НА ДОПИР ЈА ПОЕДНОСТАВУВА РАБОТАТА Претставувајќи ги нашите најнови производи од палетата на Ricoh мултифункционалните

КОМПАНИИТЕ ГО ЗАСИЛУВААТ СВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ, КОНКУРЕНТНОСТ И ЕФИКАСНОСТ СО УЛТИМА

ПОДДРШКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ КОМПАНИИ  За постигнување поголема конкурентност потребни

Другите за нас: Објавено во Магазинот на Бизнис центарот Airport city, Belgrade ДУНА НА СРПСКИОТ ПАЗАР И КАКО ОВЛАСТЕН ДИСТИБУТЕР НА RICOH

Од пред неколку години, Дуна ја прошири својата работа во регионот на Југоисточна европа, а

ДУНА и RICOH на FESPA DIGITAL, Amsterdam 2016

Во првата половина на март годинава, во Амстердам се одржа ФЕСПА ДИГИТАЛ 2016 најголемиот саем

SPINAKER СОФТВЕРОТ НОСИ РЕВОЛУЦИЈА ВО РАБОТЕЊЕТО ВО МАЛОПРОДАЖБАТА

Софтверот е целосно развиен во соработка и имплементирање на барањата од корисниците, како и со

ДУНА ГО ПРЕТСТАВИ ИНТЕЛИГЕНТНИОТ ДОМ ЗА СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО

Smart House Intelligence системот се базира врз неинвазивен процес на инсталација, кој што ја

Промотивна цена на Spinaker

Почитувани корисници, поради голем интерес од страна на корисниците Дуна Компјутери во месец февруари Ви

Превентивно одржување за фискални уреди

На секои 12 месеци треба да се обновува врската на фискалниот уред со серверот

Apple претстави нови производи

Вчера Apple претстави нова линија на лаптопи MacBook, ги надгради MacBook Air и MacBook

Бесплатни обуки за ULTIMA POS

Сите корисници на софтверот за малопродажба ULTIMA POS можат да проследат бесплатна обука која